(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
ц ц ц... Си го крадел багерот од iStockphoto или нешто слично
Ениху... Морам да признаам, дека веќе вака, во поскапите варијанти на опрема, она што најмногу ме плени, е предниот... овај... ајде нека е спојлер... А богами и издувот позајмен од Оптимус Прајм, и тоа како ке праи разлика... Само што, патниците на задната клупа ќе мораат да влагаат од десната страна, али тоа е ризик кој радо би го превземал... Перископот ќе му даде сосема ново значење на муабетот „Гледање ѕвезди на Водно“...
Е сега, морам да посочам нешто што не ми прави мерак... Прво, со вакви гуми, никако... Исто така, бандажите некако го нарушуваат целокупниот фантастичен впечаток... И еве, како што можам да приметам, според мене, задолжително би било куката да се обележи со нешто црвенко, за им да се даде до знаење на обичните смртници, дека тука има нешто, благо кажано „настрано“.
А да, и Спирит оф Екстази не би го посакувал во овој емм, „пакет опрема“, пошто може некое циганче да го склепа, додека Когаре одмара на паркинг... Тоа нормално, доколку просторот за одмор на овој створ се нарекува „Паркинг“
Спикинг оф паркинг, нека идат само нека не ти дигнат рампа на излез
Јас би порачал уште малку персонализација на Когарето, во облик на затемнети стакла (во било каква нијанса), боење на клештите на кочниците и некои онакви Nascar inspired лепенки, стикери, винили итн итн... А да, и апликација од огнои, пламени и слично, ама помешани со тазе орана земја... На пример, како визуелизација нека послужи некој вулкан, тазе пројден со рало и плуг... И тогаш мислам дека би го имал ултимативното превозно средство... За вас не знам, меѓутоа јас се заљубив во Когаре...