Renault објави информации за новата динамична верзија на Megane RS, која би се нашла во понудата. Megane R.S. Trophy, кој ќе биде произведен само во 500 примероци, доаѓа со зголемена моќ од 265 KЅ (+15 коњи) и максимален вртежен момент од 360 Nm (+20 Nm).
Renault Megane R.S. Trophy
Renault својата нова „ѕверка“ ќе ја понуди на пазарите во Франција, Велика Британија, Германија, Белгија, Португалија, Шпанија, Италија, Швајцарија, Австрија и Словенија, а цената ќе биде околу 35 500 евра.
Renault Megane R.S. Trophy
Renault Megane R.S. Trophy до стотка ќе забрзува за 6 секунди, што е за 0.1 секунда подобро постигнување во споредба со актуелната верзија на Megane RS, а максимална брзина ќе биде 254 km/h. Со дооптимизираното спортско подвозје Cup и новите гуми ветува средна потрошувачка на гориво од само 8.2 литри на 100 километри. Megane R.S. Trophy ќе се нуди во четири основни бои: Sirius Yellow, Glacier White, Etoilé Black и Cassiopée Grey, а опремен е со 19 цолни алуминиумски фелни, нови додатоци на задниот спојлер, кожа, спортски седишта RECARO...
Renault Megane R.S. Trophy
Renault го собори рекордот на патеката во Нирбургринг, во класата на возила со погон на предните тркала. Новиот рекордер е Renault Megane 265 Trophy, кој еден круг мина за 8 минути и 7,29 секунди.
Renault RS Trophy
Така, срушен е рекордот што го држеше Megane R26R кој имаше време од 8 минути и 9,0 секунди. Најбрзото време беше постигнат со стандардна верзија, управувано од од Лоран Ергон - тест возач на Renault. Renault Megane 265 Trophy користи иста шасија како стандардниот 250 Cup, но нуди 15 КЅ и 20 Nm повеќе, со гуми Bridgestone Potenza RE05.
Renault RS Trophy
Само 50 примероци од Megane Renaultsport 265 Trophy ќе бидат пуштени во продажба. Договорите ќе почнат да се реализираат од почетокот на јули.