Почнувајќи од вчера, подобрениот Renault Megane RS е достапен за нарачка на купувачите од Велика Британија за цена од околу 26 000 евра за 256 Cup верзијата и 30 900 евра за 265 моделот...
Новиот модел носи помоќна верзија на 2.0 литарскиот мотор на Renault со четири цилиндри, каде сите направени промени резултираат со 15 КС повеќе, вкупно 265 КС, и максимален вртежен момент од 360 Nm, што е покачување за 20 Nm.
Возачот може да бира помеѓу два модови на возење – стандардниот со 250 КС и 340 Nm и 5 отсто подобрена потрошувачка, додека Sport модот овозможува работа на сите 265 КС и 360 Nm вртежен момент, кој се активира преку ESC копче.
Во Sport мод, Megane RS 265 до “стотка” забрзува за 6 секунди со максимална брзина од 254 km/h, што е подобрување во однос на претходниот модел од 0.1 секунди и 3.2 km/h.
Новата производна година носи и три нови, опционални ставки, кои вклучуваат Red Design, за ограничените верзии 265 Trophy и Visio предупредувачки систем, како и камера за паркирање наназад.
Купувачите можат да се одлучат и за најскапиот, Cup пакет за шасијата, која оди со 18-инчни алуминиумски фелни, со 235/40 R18 95Y Michelin Sport 2 гуми, нови Brembo дискови, limited-slip диференцијал и поцврсти амортизери.