WOOOWW WOOOW чекај полека. Пежото си е супер ама секаде што гледам е прескап во споредба со голф гти, и30н, па и од меган рс.
Многу го фалеа на голфот дифот ама едноставно му фали моќ и е отиентиран на секојдневна вожња. Си возел голф гти? Голфот е поприлично моќен, веќе спомнав дека има околу 245кс кои со краток DSG го прават ракета, а предниот електронско затварачки контролиран диференцијал едвај се носи со тие 245. Ова го кажувам бидејќи сум се возел (и сум го возел) со 250, +300 и +400, при што колата во кривини функционираше само кога беше стандард, се над тоа е премногу.
Во врска со електронскиот за производителот е БЕСПЛАТЕН да го стави нешто си ги помешал брзините, те. веројатно мислиш на "диференцијал" контролиран преку АBS, ESP системот да ги блокира тркалата кога ќе осети разлика во вртежи на предните тркала поголема од лакот на воланот. Во случајот на голф и и30 се работи за електронски контролиран механички диференцијал кој овозможува повеќе сетинзи , те. ја контролира агресивноста на диференцијалот и што е најбитно го исклучува во моменти кога не е потребен. Ако си возел кола со механички шпер диференцијал ќе приметиш дека таа работа е чудна за секојдневна вожња. Ако се сеќавате, првиот фокус рс имаше шпер, па поради тоа имаше многу негативни коментари...