Фала ви, @rakunce и @KaZan.
Конечно се „споив“ со моево фенче, како што сакаат да кажат некои луѓе од тука.
Километражата покажува 76инешто илјади, не 55, како што напишав претходно, има некои маани, на пример, има две гребаници на десно крило и удар (од камче, веројатно) на хауба.
Мене ми изгледа како да е „шминкана“ и китирана, пред се` заради некои остатоци од боја на браниците, а и „мачканици“ под хауба, кај држачите на моторот. Има малку корозија на неколку делови, меѓутоа, мислам дека не е ништо сериозно, т.е. не е нешто што не може да се поправи.
Сепак, Маршер ќе каже конечно.
Ако успеам да емам таблици в понеделник, тоа ќе биде веќе иднава недела, ако не, ќе мора да почека, затоашто не сакам да ја возам без таблички.
Денес помина технички, со одлична оценка, според дечките од АМСМ, и потоа ја пробав и на отворено и низ град.
Бидејќи не сум искусен возач, според тоа колку (не)знам за мотори и коли, според тоа што чув и видов, мислам дека ќе се „љубиме“, барем извесно време.