Автор Тема: Opel Corsa B 1.0  (Прочитано 29363 пати)

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #105 на: 20 Август 2013, 17:20:26 pm »
KaZaN: моето барање налепница создаде епски проблеми, како и да е, ете ја! :)

зоки - поки: Чекај, бе, да  доучам, имам уште два испити :)
Сега за сега и Корсава ми е доволна, ми праи мерак и брка работа. Имам километри патишта за возење и тони прашина за голтање пред да се префрлам на нешто „пострашно“ :)

Инаку, господинот шо напиша пред тебе, пред некој ден ме информираше дека си ти зоки поки, не знаев претходно :)


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #106 на: 20 Август 2013, 17:55:16 pm »
еден е зоки-поки,другиот ми е во фиока :D
како и да е да му се изнавозиш чим ти прави мерак.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #107 на: 20 Август 2013, 19:15:26 pm »
Одлично корсичево, со здравје да си го возиш. Земи спушти го малце и стави потврди спирали... И некој опак бандаш. И афтермаркет аудио систем. Има да го заличи стррррррррррашно!  :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #108 на: 20 Август 2013, 20:06:35 pm »
Прилеп, знајш дека зимски гуми не се возат на лето?

Иначе со здравје да се вози количето.

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #109 на: 20 Август 2013, 20:16:48 pm »
Колава ја купив со сет 4+1 M+S Eskimo.
Знам дека се за зимски услови, ама нов сет ќе почека ребаланс на буџет (напролет).
Зимски не се возат на лето заради поголема потрошувачка (заради зголемено триење), за што друго?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #110 на: 20 Август 2013, 20:21:31 pm »
ќе ги уништиш гумите

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #111 на: 20 Август 2013, 20:21:57 pm »
За да ти остане шара и пак да можеш да ги користиш како зимски.

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #112 на: 20 Август 2013, 20:59:54 pm »
Е така си е, де, ама ова лето ги извозив веќе.
Во некое списание читав дека овие може да се користат и преку цела година, па од почеток се откажав од купување на нов сет. Реков веќе, наредно лето ќе мислам за сет летни гуми.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #113 на: 20 Август 2013, 21:01:24 pm »
тури му пепел на тоа списание

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #114 на: 20 Август 2013, 21:03:44 pm »
Може и јас сум грешка, како и да е...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #115 на: 20 Август 2013, 21:09:06 pm »
Едно списание вика така, а сите други викаат обратно.
И ти реши на тоа да му веруваш?

;D ;D

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #116 на: 20 Август 2013, 21:09:23 pm »
Pa m+s se za site sezoni de, taman si e teraj si gi

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #117 на: 20 Август 2013, 21:10:47 pm »
Mud+snow

за сите сезони треба да пишува 4 season,all seasons или такво нешто

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #118 на: 21 Август 2013, 11:48:07 am »
Затоа и сум на форумов, да прочитам различни мислења и да научам од секого по нешто.

Како што реков, евентуално за нов сет на гуми (летни), ќе размислувам на пролет.

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #119 на: 05 Септември 2013, 02:01:00 am »
На левата врата имам една гребаница која многу ми боди очи, особено заради тоа што јас ја напраив.

Почнав да се распрашувам, ми рекоа прво со акрилна боја, па потоа со лак, би чинело околу 3000 ден.

Јас спомнав и корозија на подвозје и тој ми предложи стружење со челични четки и спрејање со битумен (???) (или со друга „направија“ чие име не го запомнив, а доцна е допрва да пребарувам).

Е, сега, човеков предложи низа активности и работава испадна ко Цацко на Миле Паника кога му направи Ауди од Буба :)
Сакам да кажам, го прашав за една рабпта, а тој веќе ми предложи пребојување на цела кола и подвозје.

Any thoughts?
Anyone?
(особено за третманот на подвозјето, другиве работи ќе морам да ги средам).