Ќе ги видам како ќе се покажат, дисковите се во ред така да ќе видам дали ќе се подобри кочењето со предни и задни нови плочки. Иако и до сега не беше лошо.
Алфата денеска не ја земав од сервис, Жаре ми кажа имало луфта на каишницата на алтернаторот па веројатно ќе требало нова варијабилна шајбна, му оставив додека е растурена да ја среди за да биде во топ состојба после. Исто така променети се и чаурите на задните вилушки. Доста ефтини беа а колата секако е намајстор па да се среди и тоа. Се надевам утре ќе е готова и ќе ја земам.
Што се однесува на цените, нешто поефтини се одколку што ги пишав на минатата страна.