Golf 2 не е најдобра кола далеку од тоа. чисто од аспект на просечен купувач кажувам.
Како просечен човек гледа. Да сум во можност и да имам стандард би купил и јас поголема кола на пример mazda 6 ili Cruze 2.0 tdci, или пак Audi A6, 3.0 TDI.
После земен е во предвид елементот одржавање на колата како и можноста да се вози на разни алхемии (нафта, зејтин, масло итн) што ни ја налага ситуацијата.
И најбитно сообраќајната култура која ни е на ниво на дивјаци, и неписмените шофери. Искрено душа би ме болела да ми изгребе некој Audi A6 или поубаво ауто.
Башка патиштата се лоши со дупки и греота е скапа кола да ја лупаш.
Зашто би навредувал некого кога искрено немам ни потреба. Мислам дека вреди да полемизираме кога некој не е во право.
Инаку спомнав дека сум почитувач на едноставни технологии заради доверливост и долговечност.
Екектроника познавам и ги знам мааните. Лично за квалитет и едноставност сум се залагал. Многу работи научив од овој форум и пожелувам да биде и во новата година уште подобар. И повеќе да се бистрат технички теми и секако направи сам решенија и од други форуми.
Многу е лесно да бидеш игнорантен ама некои изнесени факти кога ке се осетат на своја кожа и кога ќе се поарчат грешни пари по мајстори заради неинформираност.
За тоа е форум да се искажат повеќе ставови.
Луѓето по светот праат чуда. Погледнете ги само руските форуми на пример, да ти е кеиф да ги читаш.