Автор Тема: Покачување на обртаите  (Прочитано 8831 пати)

Отсутен Suzuka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Покачување на обртаите
« на: 04 Април 2013, 19:41:19 pm »
Suzuki Swift 1.0 GLS

Колата кога е ставена во брзина работи ок,нема никакво гушење добро ја прима туражата

Проблем се јавува кога моторот работи без притискање на туражата,обртометарот застанува на 800/900 и автоматски се покачува до 1500 вртежи,цело време така си работи променливо и некогаш се осеќа тресење во колата кога е загреана...
Кога ке ја запалам насабајле кога е ладен моторот,пали на бензин обртаите стигнуваат од прилика до кај 1500/2000 вртежи и меѓувреме автоматски префрлува на плин на 1500 така да работи на бензин само 2,3 секунди.

Што би можело да биде  ??? фала на помош

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #1 на: 04 Април 2013, 19:52:37 pm »
Мислам дека имаш некој проблем со плинот. Би требало подолго време да работи на бензин, додека водата не загрее барем 30тина степени(во зависност од плинскиот уред) па после да префрла на плин.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #2 на: 04 Април 2013, 20:03:39 pm »
однеси го плинот да го прештелаат

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #3 на: 04 Април 2013, 20:04:21 pm »
Има сензор за проток на воздух?

Отсутен Suzuka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #4 на: 04 Април 2013, 20:12:37 pm »
Ајде ке се повторам малку... колата е штелована да префрлува на плин на 1500 вртежи а пали на бензин,проблемот е што не работи мирно моторот кога е загреан цело време варира обртометарот не многу нагло,а од прилика на колку обртаи треба да работи ладен мотор пошто кај мене преминува над 1500 на самиот старт.

однеси го плинот да го прештелаат

Плинот го штеловаја, под мала туража некогаш знае да рботи супер на 700/800 вртежи,а истиот проблем се јавува и кога работи само на бензин...варираат вртежите,стрелката стигнува до најниско и како да отскокнува нагоре послем...

Има сензор за проток на воздух?

Незнам точно дали има,незнам како би изгледал и каде треба да стои ако веќе има..

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #5 на: 04 Април 2013, 20:14:53 pm »
автоматчето за лер гас или свеќиците,не ми доаѓа ништо друго на памет

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #6 на: 04 Април 2013, 20:17:24 pm »
...или боМбина  ;D

Отсутен Suzuka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #7 на: 04 Април 2013, 20:27:00 pm »
Пред некоја недела му менував затегач и ребрасти каиш,послем тоа палењето беше изменето,како повќе да верглаше колата,од кога го средија палењето заприметив дека кога е загреана помалку варира обртометарот "побавно" се покачува стрелката и оди до пониско одколку што беше...

автоматчето за лер гас или свеќиците,не ми доаѓа ништо друго на памет

Значи да се кнсултирам со некој механик :) па да почнам со ред да менувам да видам кај ке запни..

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #8 на: 04 Април 2013, 20:31:08 pm »
автоматчето за лер гас или свеќиците,не ми доаѓа ништо друго на памет

Може и каблите да му имаат фатено корозија кај што се спојуваат со свеќиците.
Мене ми исгледа како заебан сензор на воздух. А исто така може и плинот да е раштелуван како и палењето. Иначе нормално е на верглање да качи докај 1800 вртежи па да падне на 1500 па постепено да паѓа како што се загрева.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #9 на: 04 Април 2013, 20:36:00 pm »
многу се 1500 обртаи,ако при нормална работна температура обртаите се движат во опсег 750-800 тогаш на -20 ќе се движат 1250-1300 али 1500 како и да е многу е,посети си механичар си ја знае он постапката,вака само нагаѓаме

Отсутен Suzuka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #10 на: 04 Април 2013, 20:47:47 pm »
Нај добро е во овластен сервис да видат,али не ми е баш блиску до Maxima,нема врска тоа што нагаѓаме @Smichka али работата оди како струјата да игра улога,абеее упм кога ке загрее појќе се осеќа варирање на обртаите за разлика кога е ладна а сензор ако е ке биди секоаш исто "барем јас така мислам" ок фала на советите  :) па се надевам ке пишам за брзо пак со решен проблем,поздрав ...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #11 на: 04 Април 2013, 20:52:26 pm »
Клапната исчисти ја и MAF сензорот.

Отсутен Suzuka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #12 на: 04 Април 2013, 21:03:29 pm »
Клапната исчисти ја и MAF сензорот.
Предходно имав постаро возило,е сега ако пробам да ги исчистам каде точно се наојѓаат Клапната и MAF сензорот или најдобро да платам па да ги исчистат,не сум некој тапа  :) ајде ке речам, али ако можам да ги исчистам зошто да не пробам,некој screenshot би било добро ако добијам каде се наојѓаат

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #13 на: 05 Април 2013, 09:25:52 am »
Клапната исчисти ја и MAF сензорот.
Тоа. Само незнаев дали ова има МАФ.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Покачување на обртаите
« Одговори #14 на: 05 Април 2013, 11:59:24 am »
Мислам дека сузуки свифт 1.0 нема МАФ има МАП. Треба само клапната и и вентилот за проток на воздуш на лер гас да се изчистат, па да се види после како ќе работи.