Автор Тема: HD / FULL HD / BLU RAY...  (Прочитано 4087 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8070
  • Rural fuckin society - we live in!!!
HD / FULL HD / BLU RAY...
« на: 30 Март 2013, 18:22:00 pm »
Барав по нет и никако до конкретен одговор...

Имам 2600 ДВД наслови на филмови и планирам колекцијата да ја продолжам најверојатно во МКВ формат, од причина што Блу рејот медија дискот ми е скап и немам рекордер за сега а и од неколку други причини кои ќе ги споменам понатаму...

Знам што е 720п/и - ХД, што фул ХД 1080п/и...
Прашањето ми е како е најдобро да продолжам да колекционирам филмови во 1080 резолуција?

Правило ми е филмот да го ставан на диск, ДВД или сега планирам на дуал леер да ставам МКВ фајлови со големина од 8+гб, правило исто така ми е и филмот кој влегува во колекцијата да има превод.
Слично како кај ДИВИКС-от текст преводот е лесно компатибилен со МКВ фајлот...

Дали грешам некаде? Дали можеби треба да колекционирам во блу реј формат од 30/40+гб, има ли начин да се вметне превод во блу реј компилација, кој е начинот...

Дајте неколку мислења според вашите искуства и пракса?

Благодарам  :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54860
  • Махер
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #1 на: 30 Март 2013, 18:43:26 pm »
1. Сметам дека оптичкиот медиум е надминат и непотребен.

2. Провери колку од насловите постари од 5 години имаат функционално ЦД/ДВД.

3. Најмалку 1080p снимка е потребна, а најефтино и најсигурно во подолг рок би рекол дека се екстерни хард дискови од 3 или 4TB. Или некој NAS уред со најмалку 2 гигабитни мрежни картички и број на дискови по избор како на пример iomega.


Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1905
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #2 на: 30 Март 2013, 18:51:53 pm »
И јас би играл како што кажа Deni, само што не би купил готово решение, туку би склопил HTPC/NAS сервер.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4097
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #3 на: 30 Март 2013, 18:54:13 pm »
што цена е овој iomega на сликата?

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8070
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #4 на: 30 Март 2013, 18:55:43 pm »
Го имам размислувано и овој начин, но, кој гарантира дека по 5 години екстерниот хдд ќе е исправен?
Нешто околу вметнување превод во блу реј компилација?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4097
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #5 на: 30 Март 2013, 18:57:28 pm »
па имаш поише дискови у уредов,најмалце 2,така да сигурен си

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54860
  • Махер
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #6 на: 30 Март 2013, 18:59:57 pm »
И јас би играл како што кажа Deni, само што не би купил готово решение, туку би склопил HTPC/NAS сервер.
HTPC е добредојдено исклучиво ако е во визуелно прифатливо куќиште а не компјутерско.

што цена е овој iomega на сликата?
20-40.000 без дискови.
Го имам размислувано и овој начин, но, кој гарантира дека по 5 години екстерниот хдд ќе е исправен?
Нешто околу вметнување превод во блу реј компилација?
Затоа има RAID 1+0 или RAID 5 заштита. И да откаже еден, да не се изгубат податоците.
Сум помислил на Blue Ray пред извесно време, но инвестицијата е прескапа и прекомплицирана  за мој вкус.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43463
  • Il Moderatore
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #7 на: 30 Март 2013, 19:05:01 pm »
HTPC Куќиштево плаче за нарачуење од нет :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1905
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #8 на: 30 Март 2013, 20:13:25 pm »
Еве мој предлог. Може и уште еден HDD да се стави, и да работи во RAID.

ASUS P8B75-M LX матична (СЕТ) - 3,299 ден.
Intel Ivy Bridge Celeron Core G1610 процесор (СЕТ) - 2,399 ден.
Kingston HyperX Blu 4GB 1600MHz (СЕТ) - 1,690 ден.
HDD 2TB WesternDigital 7200rpm 64MB (СЕТ) - 4,899 ден.
Opera multimedia center case со напојување (НИКО) - 1,700 ден.

И уште некој SSD... конфигурацијата е со интегрирана графичка и е доволна за гледање на FULL HD содржини.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54860
  • Махер
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #9 на: 30 Март 2013, 20:28:03 pm »
Но, дали е доволна за 1440p кои наскоро доаѓаат?

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8070
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #10 на: 30 Март 2013, 20:34:43 pm »
Еее тоа е добро инфо!
Знасчи сега за сега треба да колекционирам 1080 а за даље, иде 1440п...  ::)

Друга работа, блу реј компилација од 40+гб има 1080 фул хд квалитет, колку во споредба со тоа е достојна замена мкв рипот од 8,4гб да се колекционира??? Има ли некој направено ваква компарација во пракса?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #11 на: 30 Март 2013, 20:42:22 pm »


• Windows 8
 • The 2nd Gen Intel® Mobile ULV Processor
 • Compact light weight of only 830 g
 • Energy efficient
 • Smooth HD playback (Full HD 1080p playback)
 • 6 USB ports for many external extensions
 • Loss-free connection to a HiFi system via SPDIF-out
 • HDMI and VGA outputs for multi-media content on TV
 • DT VESA Mount for optional


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8070
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #12 на: 30 Март 2013, 21:17:35 pm »
Само што ми стигна ова од Скопје, за 2500 денари го купив, сега пробувам ово оно  ;)
Типот не го ни отпакувал, слатка среќа  :)


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54860
  • Махер
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #13 на: 30 Март 2013, 22:00:39 pm »
Куоре он сака да складира ствари колку што разбрав.

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2973
Одг: HD / FULL HD / BLU RAY...
« Одговори #14 на: 26 Мај 2013, 13:38:50 pm »
На членот му треба NAS - компјутер кој има повеќе харддискови и служи ИСКЛУЧИВО за складирање на податоци (видео, аудио и др.)

Јас имам токму таков со Intel Atom процесор залемен на матичната (ECS 954GCD-M), 4гб рам и 3 х 2ТБ hdd. Го возам на Nas4Free OS, и hdd-ата ми се конфогурирани во raidz-1 конфигурација - ако цркне 1 хдд уште ги имам сите податоци. Троши околу 35W. Филмовите ги пушта, преку ист WD TV Live како што има pirat_07, и без проблем пушта fullhd .mkv фајлови ~ 40GB.

Доколку некој се мисли за 4/4+ bay NAS еве ви помош:

 DIY NAS комфигурација:

 1. MB Asus E35M1-M - 5 sata i 1 eSata порт, можност за зголемување на бројот на хардовите со RAID картица (која со флешување на фрмверот би работела како за даље, тестирана дека подржува 16гб рам (иако по спецификација се само 8) 5500 од Сет

 2. 2x8gb DDR3 ram ~ 6000 од Грција (доколку со вози на RADI-Z - софтверски раид во ZFS фајлсистем математиката е 1GB Ram на 1ТВ хард)

 3. Напајање 400W ~ 4000

 4. Кутија (мој предлог е некоја од Fractal Design) ~ 6000 од e-shop.gr
 ---------------------------------------------------------------------------------

 за 21-22 000 добивате дааалеку појак и "попроширлив" НАС

 Подоцна можете да додадете 1/2 Intel NIC-ови и да направите link aggregation доколку едниот порт го гуши протокот на податоци, и нормално ако имате свич кој го подржува ова (Секој по околу 20ина евра кошта)

На оваа конфигурација ставате Freenas и ги имате сите можности како и комерцијалните NAS решенија (WOL, browse-ање на фајлови преку мобилни/таблети, NFS, headless операција, торент клием, uPnP) + Freenas работи на ZFS фајлсистемот, кој е многу поробусен од другите (прогуглајте). Башка што ако ја префрлиш инсталацијата (флеш дискот) и дисковите од еден во друг компјутер се би требало да работи супер, што не е случај со комерцијалните NAS решенија.

 После тоа ако сакаш да ти иде уште побрзо купуваш SSD или 2 за да кешира фајлови.


 Втора опција е да купите HP Microserver за 23500 со следниве спецификации:

AMD Turion™ II NEO N40L processor (1.5 GHz, 15W, 2MB
4GB (1 x 4GB) PC3-10600E DDR3 UB ECC
Embedded NC107i PCI Express Gigabit Ethernet Server Adapter
150W Non-Hot Plug, Non-Redundant Power Supply

На ова повторно би било најдобро да ставите Freenas.

Трета (и според мене најскапа) опција е да купите готово NAS решение од познатите брендови