Автор Тема: Потопна бензинска пумпа. Проблем ???  (Прочитано 2170 пати)

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Потопна бензинска пумпа. Проблем ???
« на: 17 Март 2013, 17:48:05 pm »
Здраво на сите. Од неодамна успеав да се докопам до Citroen Xsara 2.0 16v VTS 167hp. :)
Количето е супер, освен што морав комплет да ги средам кочниците друго беше ОК.
Проблемот се појави пред некој ден на бензинска пумпа. После пунењето на гориво
колата не сакаше да стартува, но и го немаше звукот што го прави пумпата пред
да запали. После неколку обиди успеа да запали како да не било ништо. ???
Следниот ден истото се повтори и тоа додека бев во Цилаз за проверка на кочниците.
Мајсторот го подигна седиштето и ја удри пумпата неколку пати и проработе.
По нивно мислење рекоа дека треба да се замени пумпата, која што чини 250-300 ЕУР. :-[
Пумпата ја извадивме и ја тестиравме надвор од кола на акумулатор и од 20тина обиди
не стартуваше 2-3 пати. НА пумпата забележавме дека освен излезот за гориво што оди према мотор
и влезот каде што стои филтерче како сито има уште два мали излези.
Едниот излез поставен централно на пумпата горе, кога ке ја поврзевме на акумулатор горивото течеше низ него,
а не низ излезот према  мотор.
Кога ке го затворевме тој излез се функционираше нормално, горивото идеше према мотор.
Другиот излез беше малце покомплициран и беше со федерче, на интернет побаравме податоци
и најдовме дека тоа е сигурносен вентил за во случај нешто да заглави или се запуши некое црево.
Но за овој излез низ кој што стално тече гориво освен ако не го затнеш нема никаква информација.
Инаку пумпата е марка VDO 3.5bar.
Дали може да се направи нешто, да се спаси пумпата или да си се опрчам уште 200-300ЕУР :'(

Go Baby, Go...!!!

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Потопна бензинска пумпа. Проблем ???
« Одговори #1 на: 17 Март 2013, 18:01:56 pm »
тоа е цена во цилаз,на друго место сигурно ќе биде поефтино

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Одг: Потопна бензинска пумпа. Проблем ???
« Одговори #2 на: 17 Март 2013, 18:05:54 pm »
Да, точно.
Ама во Цилаз ја нудат комплет со се пластиката (канистерче), не даваат само моторче.
И на други места прашав, комплет ја нема испод 200 еур.
Помислив да се распрашам прво да не излезе некоја  банална работа, што чини 100 денари :)
Go Baby, Go...!!!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Потопна бензинска пумпа. Проблем ???
« Одговори #3 на: 17 Март 2013, 18:39:39 pm »
А канистерчето да го набавиш половно па да си склопиш пумпа со ново моторче?
Ако не е фабричка маана пумпата, би требало ефтино да поминеш.

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Одг: Потопна бензинска пумпа. Проблем ???
« Одговори #4 на: 17 Март 2013, 18:52:07 pm »
Па го имам моето канистерче, се распрашав и за моторче
ама малце е тешко да се најде моторче со притисок од 3.5 бари.
моторчиња од 1.5 бари има еден куп нови и тоа по цена од 2000-2500ден.
Најдов и еден тип што растура француски возила , вика има половна
пумпа од VTS што работи, ја дава комплет за 50тина евра.
Малце ми е шубе да стаам половна, ама ако не се најде, ке ризикувам со таа.
Има некој некое искуство со купување половни бензинсли пумпи ??? :)
Go Baby, Go...!!!

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Потопна бензинска пумпа. Проблем ???
« Одговори #5 на: 17 Март 2013, 18:53:41 pm »
како и секој половен дел,мачка во вреќа

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Потопна бензинска пумпа. Проблем ???
« Одговори #6 на: 17 Март 2013, 19:17:24 pm »
Прашај го дали може да ја добиеш на тест период.
Мојот снабдувач со половни делови беше доволно добар и ми обезбеди 10 дена тест период со поврат на пари ако не сум задоволен.
Пробај, од прашање никој ништо не изгубил.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Потопна бензинска пумпа. Проблем ???
« Одговори #7 на: 17 Март 2013, 19:43:55 pm »
Ако си од Скопје, таква пумпа може да има кај Аце трубарево.... он е најефтин растурач на половни возила... А може да се најде и кај Нешад во Тетово...


Само јас мислам, дека може е истата пумпа која можеби се вози на мотор 2.0 со 150 кс во цитроен ЗХ или во Ксантија.