Здраво на сите. Од неодамна успеав да се докопам до Citroen Xsara 2.0 16v VTS 167hp.
Количето е супер, освен што морав комплет да ги средам кочниците друго беше ОК.
Проблемот се појави пред некој ден на бензинска пумпа. После пунењето на гориво
колата не сакаше да стартува, но и го немаше звукот што го прави пумпата пред
да запали. После неколку обиди успеа да запали како да не било ништо.
Следниот ден истото се повтори и тоа додека бев во Цилаз за проверка на кочниците.
Мајсторот го подигна седиштето и ја удри пумпата неколку пати и проработе.
По нивно мислење рекоа дека треба да се замени пумпата, која што чини 250-300 ЕУР.
Пумпата ја извадивме и ја тестиравме надвор од кола на акумулатор и од 20тина обиди
не стартуваше 2-3 пати. НА пумпата забележавме дека освен излезот за гориво што оди према мотор
и влезот каде што стои филтерче како сито има уште два мали излези.
Едниот излез поставен централно на пумпата горе, кога ке ја поврзевме на акумулатор горивото течеше низ него,
а не низ излезот према мотор.
Кога ке го затворевме тој излез се функционираше нормално, горивото идеше према мотор.
Другиот излез беше малце покомплициран и беше со федерче, на интернет побаравме податоци
и најдовме дека тоа е сигурносен вентил за во случај нешто да заглави или се запуши некое црево.
Но за овој излез низ кој што стално тече гориво освен ако не го затнеш нема никаква информација.
Инаку пумпата е марка VDO 3.5bar.
Дали може да се направи нешто, да се спаси пумпата или да си се опрчам уште 200-300ЕУР