Пред да почнам со претставувањето на оваа нескротлива и соодветно нерафинирана „Итаљанка“ ред е да направам кратко претстаувавње на хронологијата
Zastava 101 Comfort(line - за оние од VW)
Lada Samara 1500L + LPG
FiatPunto mk1 1.2 75
Ctroen ZX 1.8i + LPG
Renault Laguna mk2 2.2dCi 150ks
Renault Megane GrandTour 1.5dCi 105ks
MercedesBenz B180 mk2 122ks
и конечно:
Alfa Romeo 147 JTD 16v m-jet
Година на раѓање: 2003
Година на впишување во матична книга на пуштени во промет: 2004
Матична земја на производство: Италија
Матична земја на прво возење: Италија
Изведба на каросерија: 3dr
Ниво на опрема: Нишчо особено (за класата)
Мотор: 1.9 JTD 16v m-jet (верзии на истиот веројатно достапни за Комбајн, Реморкер, Локомотива за редење вагони во композиција)
Декларирана моќност: 103 kW/140KS
Изминати километри: 122500 (веројатно се нереални имаат додадено барем 60000 инаку никој немал да им верува дека 10г стара кола има само 62000 поминато)
Максимална брзина:Не се обидував да возам над пишаното во декларацијата, може нема да сакаат да ти ја поправаат во сервис
Тркало: 195/60 R15 Michelin Energy (само првите руски гуми на ладата биле полоши од овие/можеби и некој Tigar на Zastava - та)
Потрошувачка: комбинаирана за изминативе 166 km според board comp.(Една обиколница ЃП-Аутокоманда и се друго низ град 50%-50% гужва-празни)
Генерална оценка: Колата изгледа солидно, сочувана или поправена. Внатрешноста и надворешноста покажуваат умерени до незначитлни знаци на излитеност. Каросеријата и внатрешноста не оддаваат знаци на злоставување вон редовните активности во еден нормален животен век. Моторот е сурово нерафиниран преполн со обртен момент што на моменти ти оди на живци при секое менвање на брзина (но истиот впечаток ќе го добиеш ако седнеш и во Mercedes C220 CDI со тоа што овој со задниот погон малце повеќе би пријал).Сепак дизелите се направени претежно за луѓе без осет на палецот на десното стопало и не можат да дозираат гас па мораат да возат дизел мотори. Среќа може да тргнеш и во трета и да возиш цело време низ град само во трета. Ваква особина можеби само електирчните возила имаат покрај ова.
Да се надеваме ќе послужи добро барем 2 години па селедното BMW го додадам во оваа хронологија.