Автор Тема: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001  (Прочитано 11103 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« на: 03 Март 2013, 18:01:09 pm »
Прво замина кангуто, а сега и пумата, ама во добри раце, ја купи мојот кум и знам дека долго ќе ја вози. Во меѓувреме се мислев помеѓу повеќе возила, А4-ка, меган, вектра. Во компромис со сопругата се одлучив за голф. Голфот е капарен утре треба да го земам, така да повеќе информации и слики откако ќе му земам таблици.

Спецификации (фабрички не од мое лично искуство):

* 1.9 TDI PD
* 1896 кубни сантиметри
* 85 киловати (115 коњски сили)
* 285 Nm @ 1900 RPM обртен момент
* Максимална брзина 195 километри на час
* Забрзување од 0 до 100 км/ч 10,3 секунди
* Потрошувачка: град/отворено/комбинирано - 6,9/4,2/5,1
* Рачен менувач со 6 брзини


Сите овие податоци се дадени од фабрика, кога ќе ја истестирам добро колата ќе напишам мои импресии.

Колата е произведена 2001 година, увезена од италија. Каросериски колата беше одлична со исклучок на некоја гребнатинка, корозија нема воопшто. Ентериерот е за средување, има гребаници од фрлани клучеви и тапацирот на кровот и вратите е негде одлепен. Покрај стандардната проверка на колата од сомнителни издувни гасови, плукање масло и меури од антифризот, ја извозев едно 20 километри при што ги проверив сите брзини, подвозјето, управувачкиот систем, забрзувањето. Менувачот за разлика од пумата има подолг од, но е прецизен и лесен за користење, првпат возам турбо дизел и можам да кажам дека сум позитивно изненаден, во втора брзина на мали обртаи дадов полна гас и колата ме залепи за седиште. Ја возев колата по доста нерамен пат полн со дупки немаше никакво тропкање и крцкање на пластики, на 140 пуштив волан колата не мрдаше, го сецкав воланот лево десно немаше бегање на задницата. Моторот работи доста тивко за дизел, а внатре воошто не се слуша. Колата има трокрак волан, одлични седишта, климатроник, воздушни перничња, абс... стандардни работи. Радио нема, но секако ќе го менував стандардниот касетофон за некое 2 дин радио. Првите впечатоци се добри ќе видиме за понатака, во случај да не ми се допаѓа голф лесно се продава :).

Еве и некоја слика од огласот:





Е сега ќе ми требаат неколку совети

1. Какво масло да ставам, овие pumpe duse мотори биле специфични по тоа прашање и морало да се става строго пропишано масло од volkswagen, значи која марка и која градација да ставам
2. Дали да го затапам ЕГР вентилот, што би добил со тоа, колку е комплицирана самата процедура и дали не е попаметно само редовно да се чисти
3. Кое дизел гориво од која пумпа по ваше искуство е најдобро
4. На колку километри да менувам филтер за гориво
5. Дали да ставам некој адитив од типот на Ceratec кога ќе менувам масло и дали да ставам во горивото некој адитив за чистење на дизните
6. Дали да го вадам катализаторот, колку тоа ќе ми ја зголеми бучавоста на колата и дали се добива нешто во поглед на перформанси
7. Дали препорачувате чип тунинг на овој мотор
8. Колата 99 проценти од времето ќе се вози низ град, на колку време да го издувам моторот за да се прочисти од гареж
9. Како да го средам тапацирот на кровот што е откачен или да оставам на професионалец тоа.

Знам дека се малце повеќе прашања, ама нов сум кај турбо дизелите па подобро да прашам поискусни од мене. Моментално во план ми е регистрација, промена на масло и филтер и едно хемиско чистење на ентериерот, гумите се нови и каишите се променети, за почеток толку пошто доста се потрошив за колава, ме кошта 4350 евра до регистрација, за понатака имам дости планови.
 

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #1 на: 03 Март 2013, 18:31:21 pm »
1. Мислам дека за 1.9 TDI PD моторите потребно ти е 505.01 по VW стандард уље. 5-40 би требало да биде таман.
2. ЕГР-от може да го затапиш, и најди некој што ќе ти го исклучи error-от со VAG-COM. Кај мене на Леонот со затнат ЕГР идеше подобро колата, ама јави ерор, па не ми се ебаваше и го вративме во нормала.
3. Од искуство, препорачувам Екто Дизел на Лукоил. Екодизел никако.
4. На секои 10.000. Некои викаат може и на 20.000, ама реално, филтерот кошта 1500 мкд. Мирна глава.
5. Јас адитиви не ставав во Леонот, освен еднаш еден за чистење што заврши работа.
6. Катализаторот е најверојатно веќе отиден. Бучавост ќе се зголеми малку, перформанси ќе се зголемат малку, повеќе ќе чади црно.
7. Да!
8. Еднаш месечно е сосема доволно. Држи го на ~3500 вртежи едно 10-15 минути.
9. Остави на професионалец.

Со среќа количето! Супер количе со супер мотор си земал! 1.9 ТДИ ПД моторите се магарици. Редовно сервисирање и нема да имаш никакви проблеми.

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #2 на: 03 Март 2013, 19:08:01 pm »
Со среќа количето добре дојде во германци :) милина голфчево...ама сака повеќе слики :)
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #3 на: 03 Март 2013, 19:56:59 pm »
Со среќа да си го возиш голфчето,одличен избор си направил.:)
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #4 на: 03 Март 2013, 20:04:40 pm »
со Срека колега :) да го видиме деноиве

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #5 на: 03 Март 2013, 20:16:19 pm »
Деан, си купил одлично количе :) Доста е заебанции со бензинци :)

Уље барај Репсол, види го кај мене... уљето, и такво барај...

Отсутен bu11yboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 812
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #6 на: 03 Март 2013, 20:28:50 pm »
со среќа нека е :D

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #7 на: 03 Март 2013, 20:33:30 pm »
Со здравје да се вози колата, иначе јас турам на МакПетрол нафта и нема гајле Пасатот...
New blood of old school

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #8 на: 03 Март 2013, 20:44:42 pm »
1. Како што кажа Зеро, 505.01 барај. Би ти препорачал Мотул, другарче го користи еве 30 000км во 1.9пд и нема гајле.
8. Дувај си ја и низ град ;D. Јас мислам на 30-40 км пат, да поминеш ~1 км над 3500 рпм е убаво. Ова си е лично мое мислење и несакам да ме запцуете дека траскам глупости.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #9 на: 03 Март 2013, 21:36:54 pm »
Такво vw 505.01 кај нас колку што знам имаш:
liqui moly -најефтино, 2600 денари мислам.
Repsol-го има сегде, ама незнам дали е исто со оноа во сервисот на Сеат, бидејки таму е доста скапо, т.е поскапо и од Motul
Motul Specific -3650 денари 5 литри, го има исто во Сеат, јас го користам и задоволен сум. djidi рече не се ставало адитив во него  :)

Со здравје да си го тераш :)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #10 на: 04 Март 2013, 00:50:49 am »
Одличен избор !

Со здравје да се вози и долго да те служи !

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #11 на: 04 Март 2013, 01:42:16 am »
1. Какво масло да ставам, овие pumpe duse мотори биле специфични по тоа прашање и морало да се става строго пропишано масло од volkswagen, значи која марка и која градација да ставам

Масло- ARAL, филтри- MANN, гориво- старата нафта од Lukoil.
« Последно менување: 04 Март 2013, 01:57:35 am S16-HGT »

Отсутен Antonio

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 397
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #12 на: 04 Март 2013, 01:55:29 am »
So srekja da si go vozish golfcheto ubavo e pa da se probame nekoj den :D ,,,,,lukoil samo za gorivo makpetrol tapa se ...filter za gorivo ja na mojot menjam na sekoj vtor servis ....inache go izvadiv katalizatorot jas ednash go stisnav posle toa isfrli crn cad i posle toa do den den nema procadeno ic iako go stiskam za da vidam dali cadi....aditiv za gorivo i za motor si stavam na sekoj servis servis pravam na 13 000 km  .... http://forum.carclub.mk/index.php/topic,1877.0.html .....

Отсутен Harris

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1285
    • http://www.facebook.com/RenaultOwnersClubMacedonia
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #13 на: 04 Март 2013, 03:25:13 am »
cekajte malce drugari ..mislam deka najdobro bi bilo Castrol maslo da stavas .. obicno , site so imaat VW stavaat Castrol ... Ili ne ???

Отсутен bu11yboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 812
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #14 на: 04 Март 2013, 08:40:34 am »
за сеат исклучиво препорачуваат Репсол , а сеатите носат vw мотори , а за vw  ако е кастрол која е логиката тука !?