ова е еден мој постар проект. некои членови кои ме знаат од порано, се секаваат на овој мој проект. беше пред одприлика 5-6 години и го имам евидентирано, затоа и ке отворам тема за него. ми е криво за ренолчево затоа што отиде да се вози по велешките села и кладрми.. толку труд вложив во него, бар да го земеше некој што ке се чуствува убаво затоа што вози репарирано рено 4 во одлична состојба...
значи, проект рено 4,tl 850 цц...
прво кога го зедов, го извадивме од грмушки:
логичен чекор беше да се испоисече се што е скапано на него и да се замени со здрави елементи кои имаат подлога да се обработат., па тогаш да се испегла и искитира се што е потребно, па тој процес изгледаше вака:
нормално, после китирањето, идеше неизбежниот процес на прекривање со филер, па стругање и финална подготовка за носење и фарбање во комора. моторот го извадивме и фрливме на страна, бидејки беше добро укочен. а да, морам да признаам само дека за ова рено жена ми ја бираше бојата...
додека колата беше во комора на фарбање, ние свативме дека е права шанса да го средиме моторот. со оглед на тоа дека боро имаше се што му треба за да го среди моторот, не трчав да барам ништо... го расклопивме, нови клипови со се хилзни, семеринзи овој мотор нема ама има едно чудо ИНТЕРСНО-ГЛУПАВИ дихтунзи и така:
таман завршивме со ремонтот на моторот, стигна и реното офарбано:
па му го убацивме моторот:
и на крај кога се заврши се изгледаше проектот еве вака:
како и секогаш, го повозев мојот успешно завршен проект неколку дена и бидејки мене не ми е интересно да ги управувам моите проекти, туку адреналинот е во правењето на истите, ренот отиде на продажба... после 2-3 дена огласено, го однесов на ауто пазар и тоа на дивиот дел, она кај рампите што е и дента човекот дојде, ми изброја пари на рака и си го однесе натаму, на кај и да беше точно селото...
чисто компаративно само уште една слика. левото е оригиналот, десното е завршениот проект...
фала многу, пријатно...
прашања некои?