Поздрав до сите членови на форумот и еве, дојде ред да ви го представам и јас нашето фамилијарно аутце, коешто можеби не е посебно, ама за нас и те како е. Ова е првата наша кола и сме многу среќни поради фактот што после 10 (со букви: десет) години од последната моја лимузина (Фиат 126, или далеку попозната во народот како ПЕГЛА) конечно можеме да кажеме дека се возиме. Пеглата ми ја има извадено душата, а целосно испразнила џебот пошто сите пари од платата ми одеа на поправки и за цели 2 (со букви: две) години колку што ја имав кај себе, ја имам возено вкупно 3 (со букви: три) месеца. На крај ја дадов на подарок за 50 евра (колку што кошта една вистинска пегла за алишта). Извинете што малку забегав, ама уште ме боли срцето и немоќам да си прежалам каков looser сум бил.
Да се навратиме на аутово. Во посед го имаме десет месеца и го представуваме нашиот Citroën Saxo 1.4i SX, 3 door 1.4 litre (1360 cc) Inline 4 75 PS, 5 speed manual, VTS LOOK (што значи само шасијата е од VTS). Со оглед дека има 3 (со букви: три) врати троа повеќе се мачиме да го внесуваме/изнесуваме малото ни бебче, но што е-тука е. Рака на срце, има прибајаги км зад неговиот аусух (175.000) и сме втори газди, ама машинчето му влече како ненормално и на правец почнува да бучи над 110 км/час. Првиот газда го знаеме и многу добро го има сочувано (шурата ми), а за ремонт за жал ќе чека на некоја подобра економска состојба. Затоа по вашиот совет (кој ми го дадовте на форумов и сум многу благодарен) при првата можност ќе го подосвежиме со едно Liqui Moly Ceratec.
Друго ауто немаме, а ова многу си го љубиме. Не сум никаков стручњак за коли (тотален лаик шо се вели), но тоа не значи дека не сум мераклија на добри автомобили и добра вожња. Затоа еве го споделуваме нашето фамилијарно благо со сите вас. Доколку ве интересира нешто повеќе, слободно пишете, а јас со мерак ќе ви одговорам.
П.С: Бапнавме завчера нови задњи kayaba excel g амортизери, старите у канта. Има разлика и те какоооо!!!
[датотека избришана од администраторот]