Автор Тема: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја  (Прочитано 80295 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
како што ветив... оваа тема јас ја отворив на еден друг форум... форум кој пет пари не дава за автомобилизмот, па ете ја префрлам тука, на вистинскиот форум за таа намена во надеж дека ке постигне барем малку позитивен ефект врз некого од аспект на едукација и избор... да не ме разберете дека типувам вашиот избор да биде волво... не типувам ништо... пред се едукација.



Volvo, латински збор за "Јас се тркалам", е роден на 14 април 1927 година, кога првиот автомобил "Jakob" ја напушти фабриката во Гетеборг, Шведска.
Основана од страна на Assar Gabrielsson и Gustaf Larsson , компанијата беше формирана врз нај битната идеја, а тоа е идеја за два сегменти т.е. квалитет и безбедност што и двата сегменти беа од огромно значење во тоа време, а и како главен концепт што се уште се однесува на Волво автомобилите на денешницата.



Истата компанија произведува и затворени и кабриолет модели со нивниот нов четири цилиндричен мотор OV4 и PV4 модели, кои беа изградени за подобро да ја издржат тешката шведска клима, за разлика од тогашниот современ американски увоз на возила. И двете возила носеа шведски симбол за железо во форма на дијагонала парче метално на предната маска - уште еден аспект на наследството на Volvo што се 'уште може да се види и на денешните модели.



Втората светска војна значително го ограничи производство на Volvo на автомобили, но од есента 1944 година компанијата го претстави еден од своите најзначајни автомобили т.е. автомобилот PV444. Прв Volvo "true" (вистина) мал автомобил, својот стилски дизајн во комбинација на американски талент со европска големина и тоа беше инстантен успех. На PV444 и PV544 ќе доминира Volvo успехот во производство до средината на 1960 година и воедно тоа ке биде и пробивањето на волво на доста битниоти важен американски пазар во текот на 1950-тите.


VOLVO TRUE pv444


VOLVO TRUE pv544

Предложеното и прифатено спојување со Renault се случи во својата финална фаза во 1993 година кога Volvo компанијата, како една од неколкуте преостанати независни производители на автомобили се поврза со Renault . Тоа претставува клучен пресврт во плановите на компанијата и го исчисти патот за нов и по динамично производство и стратегија за воведувањето на елегантни и повеќе заоблени дизајни на Volvo S40 и V40 во 1996 година.


volvo V40 (или на skorpion побарајте го низ форумов ;) )


volvo S40

Тие две верзии, како и на Volvo C70 купе и кабриолет, кои беа воведени и презентирани кон крајот на истата година, беа автомобили кои во комбинација на традиционалните вредности на Volvo за безбедност покажуваа и заштита на околината, како и со спортски, елегантен и возбудлив дизајн и инженеринг.


volvo C70


Со Volvo S80 седан од 1998 година и V70 вагон од 1998 година, Gustaf Larsson и Assar Gabrielson ќе добијат светско признание дека Volvo која ги застапуваше нивните желби за безбедност, ултра квалитетни производи, но и возила што може да ги фасцинира и исполни желбите на клиентите во софистицирана технологија која може да им конкурира сеуште (со таа година на производство) и на денешниот пазар на нови автомобили. Во тоа време краш тестовите покажаа дека Volvo возилата се нај сигурните возила кои воопшто се поризведени, епитет кој и ден денес го задржаа и сеуште на сите краш тестови покажуваат нај добри резултати за безбедност на патниците.


volvo S80


volvo V70 (или моето побарајте го негде по форумов ;D )


Помеѓу 1927 и 31 декември, 2010 Volvo има произведено точно 16.636.626 автомобили, а со оглед на се поновите модели кои излегуваат таа бројка за последниве 2 години е качена на преку 18.000.000 (18 милиони) произведени возила.
« Последно менување: 25 Февруари 2013, 22:36:20 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #1 на: 25 Февруари 2013, 21:50:33 pm »
за наши услови, со овие цени на горива нај погодно за љубителите на волво е токму VOLVO S60 D5 со комон реил мотор. 5 цилинричен мотор и отрошња едвај 7,5 литри нафта на 100... башка комодитет, и целиот луксуз што може да си го претставите вграден во една кола... баш едно такво го типувам веке некое време, донесено е од италија, тегет со комплетно бел-крем ентериер, кожа се подразбира... инаку овој модел што мене како закачалка ми е во глава еве го:



или цело ревју можете да го видите на линков:
http://www.themotorreport.com.au/gallery/2532/2011-volvo-s60-australia/38674/2011volvos60d5australiaroadtestreview01?from=51126
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #2 на: 25 Февруари 2013, 21:51:57 pm »
баш едно вакво во моментов е во процес на репарација е, кој го знае го знае, кој не еве го:



со оглед на тоа како работи човекот, веројатно за 2-3 години ке биде комплетно реставрирано и вратено во фабрична состојба. деновиве моторот го гледав и среден е во перверзно добра состојба. би рекол подобра и од фабричката. инаку, кој го позна до сега го позна, кој не еве ви помош... ова е волво па иде името како на една наша тв станица па после 121

да... волво амазон 121...

неможам да најдам од 121 слика од позади... онаква со по 3 округли штопчиња е. од горе надолу, првиот е жмигавец, вториот е позиција и стоп светло, а третиот од едната страна е рикверц светло, а од другата стрна е магленка...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #3 на: 25 Февруари 2013, 21:53:51 pm »
еве некои новитети од поново време од волво:

Not a valid youtube URL
Интересен безбедносен детал, вграден во Волво автомобилите, кој може да ви го спаси животот. Ако автомобилот се потопи во вода до одредена граница, стаклото автоматски пука и ви овозможува полесно да го напуштите возилото и да си го спасите животот.

покрај тоа што се знае дека е тешко да се отвори врата кога возилото тоне, и прозорот ако се отвори или го нема, дефинитивно животот ке ви биде спасен, има уште една причина зашто волво баш ова како продукт го внесува:

Not a valid youtube URL
сакаме цврстина и јачина? ја има... сакаш спасоносно решение? и тоа има на видеото погоре ;)

п.с. на крај толку силно удри што чеканот му излета од раце... ;D
« Последно менување: 25 Февруари 2013, 23:32:45 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #4 на: 25 Февруари 2013, 21:54:53 pm »
Американецот Ирвин Гордон има автомобил марка Volvo P1800S од 1966-та година, со кој минал речиси три милиони милји (4.743.448 километри), што е исто како да направил 118 круга околу целиот свет.

Седумдесет и двегодишниот учител во пензија од Лонг Ајленд се надева дека следната година ќе ги надмине и трите милиони милји.




Пензионерот насекаде се вози со своето бордо volvo, а со изминатата километража во 2002-та година влезе во Гинисовата книга на рекорди.

- Тоа е само автомобил, а јас уживам во возењето, изјави Гордон, кој како 25-годишник на 30-ти јуни 1966-та година го купил возилото за 4.150 долари.

- Тогаш тоа беше една цела моја годишна плата, вели Гордон.

Гордон вели дека уште како дете вози и оти имал обичај да ги стави работите во багажникот и да им каже на родителите дека оди на пат. Патувал во Монтреал, Мичиген, Тексас и годишно минувал од 85.000 до 100.000 милји.
- Имам испиено кафе во секоја американска држава, се пофали Гордон и додаде дека своето „volvo“ никому не му го позајмува, туку само тој го вози и оти од таа причина неговите деца си имаат свои возила.

Автомобилот сè уште го има првобитниот мотор и механика, а Гордон вели дека редовно го води на технички прегледи и води сметка за него. Уште од првиот ден ја има регистарската таблица MILNMILR.

Енергичниот пензионер додаде дека воопшто не планира да го продаде и оти ќе продолжи да го вози.

- Сè почесто мислам дека ќе ме надживее, вели возачот рекордер.

ајде пилиња... мерцедес, бмв, гоЉф... да ве видам сега... имаше за човеков емисија цела... 4,5 милиони километри без ремонт и уште е пали вози без проблем... ајде кај се сега оние вљубениците од светото тројство? инаку првиот рекорд беше 4 милиони километри, исто од волво поставен... ова е и официјалниот нов светски рекорд, 4,7 МИЛИОНИ километри пројдени без ремонт... а ке стига он и до 5 како што ми мириса

 :) :D :o :o
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #5 на: 25 Февруари 2013, 21:55:58 pm »
уште еден новитет од волво

воздушни перничиња за пешаци. при удар на пешак се отвораат воздушни перничиња од кај хаубата за амортизирање на ударот на пешакот... недај боже нели, но се избегнува смрт или потешки повреди... еве ја цела сторија:

Volvo V40 е најбезбедниот автомобил во својата класа
Компанијата Volvo е позната по тоа дека вложува многу во развојот на своите безбедносни решенија и сигурносни системи, па не е некое големо изненадување што европската агенција за безбедност во сообраќајот Euro NCAP го прогласи моделот V40 за најсигурниот автомобил што досега го тестирале.



По фронталниот и страничниот удар, како и тестот за налетување на пешак, Euro NCAP на овој автомобил му додели неверојатни 98 проценти заштита за возрасните патници и 88 заштита за пешаците.
За таквите резултати најмногу придонесе системот за активна заштита City Safety, како и воздушните перничиња под поклопецот на моторот, кои се активираат и го амортизираат ударот, при судир со пешак.
Единствено послаби резултати Volvo V40 доби на делот за заштита на најмладите, што со 75 проценти е една од послабите оценки во таа класа на автомобили.

www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #6 на: 25 Февруари 2013, 21:56:40 pm »
овој видео клип е веќе виден на форумов, ама местот му е баш тука:

Not a valid youtube URL
и мала заебанција односно “прав секс“ кога ке се каже. љубов си е љубов па макар и на прв поглед

Not a valid youtube URL
 ;D ;D ;D ;D
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #7 на: 25 Февруари 2013, 22:00:28 pm »
мислам дека не се достојни постовите кои беа пишани таму на таа тема да ги префрлам и нив тука, освен од 2-3 автомобилџии кои имаат одредено познавање па нивните мислења се со квалитетна основа, ама по секако како такви издвоени од  целиот контекст, би биле безпредметни и на правилни...

ако мислите дека треба да ги префрлам, изјаснете се... админ? модератрор?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен викацот

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 342
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #8 на: 25 Февруари 2013, 22:06:50 pm »
Убава тема,убаво средена ...  :D
П.С ги уништи љубителиве на голфови и на алфа ромео...ти љубоморат ;)
Фиат Типо

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #9 на: 25 Февруари 2013, 22:33:06 pm »
Тема и пол за бренд и пол. Легендарниот шведски челик.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #10 на: 25 Февруари 2013, 22:55:14 pm »
заборавив да го посочам моделот што ми е во срце врежан..

volvo s60 polestar







ке се прашате што ми е врежано за оваа кола? па не многу.. освен целиот луксуз на волво, досегашната пракса за сигурност и стабилност, оваа навидум нормална кола ја има со 2 различни мотори... и двата се со 6 цилинди, односно Т6, и двата се битурбо, по 3000 кубика, ама едниот е со само 451 коњич. а другиот е уште послаб и има само 504 коњичи под хауба... збориме за фабрички модели, што ке се добие афтер чипување?

 на изглед е обична кола, кинг сајз кола, не е џип, туку е баш кола со 4-5 врати ни нај малку не подсеќа на спортско возило, а може да им збрише на автопат на многу од нив... максимална брзина? UNLIMITED, а дури и достапна е за нормален човек... единствено е жално што во европа не ја донесоа, едноставно европските регулативи не дозволувале вакви возила кај нас... ама ке најдам начин ако ми запне за заб.

еве и едно кратко видео за нејзе:
Not a valid youtube URL
драјвингот почнува во 10:10. до таму ги има сите убаво разглобени параметри.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #11 на: 25 Февруари 2013, 23:20:02 pm »
Браво друже е така се претставува бренд, од корен :) убаво што си ме спомнал и мене :) се надевам некогаш ова последново ќе ни падне во раце :) ;)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #12 на: 25 Февруари 2013, 23:22:32 pm »
е тоа тоа... да го имам не барам никакво друго превозно средство... карбон фибер изработка... направено за преку 300 да се вози... сакаш домакинско возење го стискаш на мод А, сакаш да се курчиш, стискаш на мод Б... мислам дека да ми падне у раце уште сега, до пензија ке си идам со него... ѕверотина...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #13 на: 25 Февруари 2013, 23:39:51 pm »
Одлично, баш фини работи изначитав. Ја сум ден-денес заљубен во P1800.

Времеплов: P1800

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја
« Одговори #14 на: 25 Февруари 2013, 23:50:28 pm »
Одлично, баш фини работи изначитав. Ја сум ден-денес заљубен во P1800.

Времеплов: P1800
Р1800Ѕ е на типот од погоре, тоа значи дека е истово само е со 118 коња. значи првиот апдејтиран мотор. ке терал до 5 милиони нај малце... чекај да пробам со нули да го пишам ова :

5.000.000 километри. мислам дека волво ке треба да му дадат акции од фирмата... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време