Хахахахахахахахааааа...одличен си..имаш око соколово
Знаев дека ќе го забележиш тоа. Да во право си отпорникот кај мене е 330 оми таков прво ми се најде при рака
Не е толку критичен но сепак сум за вредностите што ги спомнав. Нема никаква грешка ниту можи да има. Баш поради тоа што многу логично прашуваш ги предлагам вредностите над 500 оми (560, 680, 820, 1000). Отпорникот реков да е пола ват.. ако сакаш стави и од ват.. има доволно простор и не се гледа иако со ватажата и димензиите му се зголемуваат. Кај мене е 330 -1/2W па нема ништо од некакво греење...скоро незабележително. Моќноста е зависна од струјата на квадрат така што помала струја (поголем отпор) ти го решава тој проблем
Направи како што ти велам и не му ја мисли повеќе на тоа
Што се однесува до отпорникот во варијантата што јас ја правев тој е 180оми 1/4W и е во серија со три бели лед диоди..тие се стандардни како што ги има во некои запалки. За осветлување на задната регистарска табличка ставив 6 лед диоди по три во серија и потоа паралелно. Иако на сликата изгледаат како 6 во сеија тоа не е така. Направив мала штампана плочка со облик лесно да влези во лешиштето и тоа е се. Таму ставив отпорник од 100 оми со цел да има поголема струја имајќи во предвид дека 3х3 диодите се врзани паралелно