Од прилика колку работни часови ти требаа за ова?
Па ако соберам се на куп (не работев се наеднаш) скоро еден ден. Не излегваат сите математики како што си планирал пред да почниш.
Најповеќе време изгубив за светлото во контролата за вентилацијата како и за шалт таблата во припремата на подножјата на сијаличките (кршење на сијаличките па ставање отпорник и смд диода, а контактите се челични и не се лемат) .
А радиото?
Сега засега можам само да го обелам во фотошоп на сликата. Убаво рече marsher - трудно е. Само во предната плочка кај што се копчињата за избор на станици има еден куп лед диоди. Двојна штампа и плус графитни полупрстени околу секоја диода. Па за внатре треба да го растурам цело радио, а за тоа не сум баш расположен. Еднаш го правев тоа кога му додавав aux влез. Сега нешто не ми се губи цел ден за бело светло во радиото. Но, велам сега не, а за утре којзнае