ја се надевам некој од продавачиве ако е на форум да не се навреди, али да му спасам пат на некој друг
наредна речиси канта прегледана
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1439158 audi a4 avant 1.8T quattro (but the T is for twist)
огласот звучи одлично и на моб истото кажано, луѓето се втори газди веќе 7 години одржувана на време итн итн.
реалност,
- ентериер речиси одличен и со опрема и со сочуваност, али не стигнав до функционалност да проверувам
-мењачот топ
-речиси сите панели потчукнати, али ок стара кола се дешава не сум цепидлака
- сликите на огласот ќе да се постари троа
-едниот фар пукнат позади, другиот му фали триаголник од 5цм искршен
-гумите за менување
-"капакот од моторот кај го остаивме?!? во дневна изгледа"
-удрена и напред и позади, не можам да видам дали малце или многу не сум мајстор
-ако ја купиш доаѓа без акумулатор колата, зашто моментално од тракторот акумулаторот го користи, и затоа пишува не е фиксна цената, еве флексибилен е човекот без акумулатор за 2400 ќе ја дал
- кога ја возиш воланот како со конци да е поврзан со тркалата, премногу лесен и премногу појма неам што се дешава со патот.
- кочниците многу слаби
иииииииииииииии wait for it...............
нај јакото нешто што сум го видел до сега, сцена од филм некој жими се,
влагаме да ја пробаме, брат ми вози прв, ја и он напред, газдата и татко му позади
тргнуваме прва, втора полека, трета и полека забрзува колата кон вртоглави 4000 обртаи,
му се вртам на брат ми му викам стисни бе, ме погледнува бледо ми вика до даска е. ЕЕЕЈ ТУРБО 150 коња не осетивме
и малиот од позади се јавува... СЕРИОЗНО ЌЕ УМРЕВ ВО МОМЕНТОТ
" a па да заборавив да ви кажам, турбината е извадена, ама работи ја имам дома ми е"како бе извадена?!?! па вика предходниот газда за плинот со турбина да му работи му барале 500евра плус и ја извадил
алоо не мрдаше колата одвај до 4000 успеа да се сврти моторот, ја искрено сум потресен и не знам дали воопшто е возможно да функционира турбо мотор без турбина?
нареден пат очекувам да слушнам, а да заборавив да ви кажам го извадив моторот и стаив од југо, али топ е колата ,
ненормален народ, џабе пат до илинден
а ја тргнав со желба еден ремап на моторот и до 180-190 да го однесам и да си свиркам....
потрагата продолжува да видиме што други чуда ќе се изнагледам и изнаслушам