Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 5958593 пати)

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3096
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30240 на: денес во 13:39:37 »
Ова за становите е точно. Интересно е што авто салоните имаат друга политика.

Јас баш станот кога го купував, уплаќав 20% учество, на двапати.
И двата пати кога ми праќаа фактура од инвеститорот - беше израчунат средниот курс за тој ден т.е пример јас ќе им се јавев: ,,Сакам да направам уплата денес, ако може фактура", па така знаеа на која сума да ја пишат.

Истото беше и за останатиот дел од сумата. Кога банката им го уплати станбениот кредит на нив - беше по среден курс за тој ден.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4508
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30241 на: денес во 13:58:05 »
Си сака закана за тужба и ќе ти пресметаат по среден курс. Некој спомна за 400е не вреди да се караш....тоа се доволно пари за да се плати каско осигурување.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3574
  • Хюндай Тюсон
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30242 на: денес во 14:34:41 »
Ама пак ви велам они ти рекле цената е хх евра но ти не си потпишал никаков договор за хх евра. Дури и ти нагласуваат цената е информативна! Веќе примарниот договор што ти го праќаат е во денари. Врз основа на што ќе тужиш?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7970
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30243 на: денес во 14:52:31 »
Ама пак ви велам они ти рекле цената е хх евра но ти не си потпишал никаков договор за хх евра. Дури и ти нагласуваат цената е информативна! Веќе примарниот договор што ти го праќаат е во денари. Врз основа на што ќе тужиш?

Не мора да тужиш. Ке бараш корекција на износот во денари, зошто по среден курс, не се поклапа.

Истово е и со купување на стан. Усно договорена цена во евра по квадрат е пресметана по среден курс. Не е работа за тужење. Им даваш огромна сума на пари, може да не се циганчат.