Ето видиш не ни знаев дека има разлика, прв пат ми текнува на нешто вакво.
Дали со полнач може да се одржува? Или мора или вакво или такво?
со полнач неможе да се одржува... полначот полни, дава јака струја и ке го преполни и на крај расипе-прообие акумулаторот, освен оние полначи (троа поскапи се) што имаат јаки електроники во себе, кои всушност, после полнењето, стануваат одржувачи на акумулаторот.. ја редуцираат снагата, ги читаат параметрите од акумулаторот и соодветно пуштаат струја кон него колку да го држат во нај добра можна состојба...
ке се смееш ама јас скумулаторите, зимно време ги имам приклучено на УПС ЗА ПУМПА ОД ПАРНО... и тој работи така... цело време ги одржува...
а овие одржувачи што се... тие се само електроника и димензијата им е одприлика колку адаптер за лаптоп... и неможе еден да биде за повеќе акумулатори одеднаш.. секој својот.. или пак, ке ги шалташ на 10-15 дена, едниот па другиот...