.... и не би ја имало темава да не ме чешаше ебежот (така викаат во некои градови низ мк кога праиш нешто што не би требало да го правиш) или во србија викаат КАД ДИРАШ МЕЧКУ У ПИ*КУ!!!
значи фордов мотор 1.8 дизел... истиот оној што предеше перфектно, ни дим, ни бутур.. истиот оној што не тресеше, не трошеше масло, што палеше од прва на -25... и ете.. ме зачеша ебежот или ја дирнав мечката у онаа ствар и решив да се чепкам околу палењето... еднаш на времето постигнав еден чуден ефект што неможам да го објаснам како се деси, ама моторот почна да се понаша буквално како бензинец... значи на ниски обртаи без некоја посебна снага, ама на високи обртаи парче правеше... како за пикап во тоа време, им ги кинеше газовите на сите југовци и застави и тоа е супер... кога го префрлав моторот во ескордот, успат сменивме и ребрасти каиши и тој ефект се изгуби пошто штелката за такво нешто се измести и си се врати се на репер... е денес нешто така решив да пробам да го најдам пак тој момент... врти лево, врти десно, смени на брегаста,, смени на бош пумпа, извадив и еден забец вратив па оттерав напред на брегаста и во еден момент кога го запаллив почна да грака моторот и да се слупшаат удари како на наковална... додека да оттрчам да го изгасам... самиот си изгаси
вратив малку на репер и пробав да заверглам... моторот се понашаше како вентилатор... ни компресија ни ништо... а мајстор боро до мене седи и вика АЈ ЧЕСТИТО ОТВАРАЊЕ НА МОТОР... е је би га.. ке отвараме... и така, почнавме од одма...со главата... ја извадивме истата евидентно искривени СИТЕ ВЕНТИЛИ НА УСИС, а и фини отпечатоци на самите клипови... фалело само уште петина милиметар да свртам на брегаста па да ги испоискрши или клиповите или брегастата да заличи како ситно сецкана кулбасица на скара. јас се чудам како воопшто запали дизелов... еве како изгледаше тоа на клиповите:
и секако извадената глава со искривени вентили и онака вентилите сите 4 усисни светнати како нови ебате:
можев тука да застанам, само ке сменев вентили, ке наштеловав, нов дихтунг и терај како ништо да не било... ама не... јас мора да сум комплициран, и да истерам до крај... БОРО, ВАДИ ГО ЦЕЛ МОТОР НАДВОР... ЌЕ МЕЊАМЕ И КАРИКИ, И ЛЕТЕЧИ И ЛЕЖЕЧИ... па кога веке сум го отворил моторот, зашто да не? треба да си луд...
а боро ми фрли еден крив поглед, со искривена фаца и вика ТИ НЕ СИ НОРМАЛЕН, ебате будалата... па кај најде сега, пред нова година, а уште ме држи виното од свети никола...
и така... моторот надвор:
секако со неизбежниот другар, кој секогаш е спремен да ти помогне, а во меѓувреме тивко си седи на сталажа, во темно и забутано место, без да ти спомне или најави дека е тука присутен, т.е. господин чекрк:
па клиповите надвор а боро одма им се даде на чистење, па ги светна:
и одма им ги закачи и новите карики:
во меѓувреме се џитна на средување т.е. чистење на радилицата:
(немам слика од иста радилица јбг...
кога заврши со радилицата се префрли на блокот т.е цилиндрите кои беа вакви:
а кога заврши со нив станаа вакви:
а па он додека го правеше тоа, јас ја зедов главата и новите вентили и ја однесов кај еден мајстор кај нова железничка кој работи САМО ТОА, т.е. глави на мотори... па после кога се вратив и го видов картерот како изгледа со сите оние мрсули и парафини што му се наталожиле низ годиниве и изгледаше вака:
го зедов и со оние миксови од хемикалии што боро ги прави, јас го направив да изгледа вака:
да не зборам дека се смрзнав надвор прскајки со компресор и на крај вода... ѕивра се направив.. среќа времево не беше толку ладно иначе пнеумонија ке добиев, ГАРАНТ...
после тоа прејдовме на монтирање на клиповите, со се клипњачи. чекор бр. 1 го тураш клипот во својата дупка:
чекор бр. 2 му ја натнуваш стегата врз кариките и ја затегаш ни многу ни малку туку ТАМАН:
чекор бр. 3 полека со нешто дрвено удираш по врвот на клипот додека не влезе целиот во цилиндар, па го затегнуваш на радилица со својата полутка (нормално тука е моментот на турање на летечеите лагери.
секој од овие 3 едноставни но нималку лесни чекори ги повторуваш за сите клипови (во случајов 4 се) и му го метнуваш одозгора дихтунгот за на глава
во меѓувреме додека се зезавме со клиповите, и лагерите, ни стигна и главата, проверена дека не е прсната, со сменети и исшлајфовани нови вентили:
и сменети нови лагери на брегаста:
ја клапнавме на моторот, ама не ја стегнавме... за вечерва стигнавме до монтиран картер, стегнати и сменети клипови, летечи лагери и лежечи лагери, и секако главата средена... за утре останува да се штеловаат вентили по пропис, да се намести на репер, да се монтираат ребрастите каиши и обичниот и она нај интересното.. по втор пат за последниве неколку месеци да се монтира истиот мотор во истата кола, која да потсетам е конвертирана од бензинец 1.6 16 вентилски во 1.8 дизел.
ам да... да не ги заборавам да ги постирам и нивното височество:
НОВ ДИХТУНГ ЗА КАРТЕР:
НОВ ДИХТУНГ ЗА ГЛАВА:
НОВИ ЛЕТЕЧ(Ќ)И И ЛЕЖЕЧ(Ќ)И ЛАГЕРИ:
(музика туш) без кои работава би била залудна.
утре нови слики, со завршена работа и секако живо ме интересира колкава компресија ке добие моторов, бидејки фабрички за него вели од 28 до 34 бари. ја сум видел и тестирал исти вакви мотори што палеле и работеле и на 23 бари. на овој му мерев компресија кога го зедов и имаше по 28 бари, освен на четврти цилиндар што имаше 26 бари... (се надевам ке усшеам да ви кажам, зашто за утре е најавено крај на светот)
п.с. ако го преживееме крајот, отворен сум за прашања и сугестии...