Јас бев до Аутомобиле-СК како што ми препорачаа на форумов, таму викаат дека вакумско исправување на вдлабнатини вршат но извлекувањето е сосема "аматерско" и минимално по својата ефикасност т.е. пак ќе се познава нерамнина. Иако на мојата кола се работеше за поголема вдлабнатина по површина но мала во длабочина кај возачката врата (некој ми ја има притиснато кога се враќал у рикверц и кваката го претрпела целиот удар, но од неа се извткал и лимот под неа во радиус од едно 15 цм. и возачката врата централно ми е целосно набиена а и малку изгребана), он рече дека вакумско нема да биде воопшто ефикасно само за џабе ќе дадам пари, а пак ќе се познава нерамнина и оштетувањето. Е сега за разлика од другиве професионални сервиси како на пример Ми-Да и Аутомакедонија, дечкото од сервисот ми предложи класична работа за исправување но, како што ми кажа, они во Аутомобиле работат само од надворешна страна (така да нема да има потреба од вадење на цела врата, па размонтирање на внатрешниот дел од неа за да може да се пристапи и од внатрешниот дел на лимот, за разлика од Ми-Да и Аутомакедонија) + ќе има потреба од фарбање само на оштетената врата а не и крилото до неа (во Ми-Да и Аутомакедонија ми рекоа дека ќе мора да се фарбаат двете врати за новата боја кај поправената врата да не двои со првичната боја, во Аутомобиле-СК рекоа дека нема да има потреба од тоа и дека нема да се познава никаква разлика во боите.) Цената беше околу 130евра.