Автор Тема: Проблем со палење на дожд  (Прочитано 7031 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #30 на: 31 Октомври 2012, 02:03:12 am »
Да ти кажам и мене ме зачуди тоа, али кој испаднал со крај со таткоми, никој, сеа вечерва зборевме и он почна еве ај тебе ке те остаам да те видам што ке направиш. И ја му викам епа ке сменам од брава, бомбина, разводна капа, кабли, палец, платина, кондензатор, кабли, свекици, ке извадам карбуратор, ке исчистам, ке го однесам на мајстор да смени дизни, ке се однесе исто така колата да се провери компресија, пошто за таткоми репер за компресија било ако стиснеш на гас и колата забрзувала, ондак имала компресија. И таткоми ми вика, епа еве се ке смениме и ако после пак исто вака праи, и ја му викам епа ако праи, железара ондак и готово, друга кола ке земеме, што со оваа ке се нервираме, и он е да бе, твојава логика каква е, и затоа нека се бафтари, нека чепка.
Прво и основно, не е наштелована убаво на бензин да прима, кога ке притиснам на гас, се гуши па прима, му викам убаво наштеловај ја, може не е погодена убаво смесата, и сеа на влагава не е како што треба смесата, он ми се запиња аман што си запнал со тој бензин, ја не ја праам да се вози на бензин, само плин, бензин само да запали, а неможам да му докажам дека првин колата треба да работи како саатче на бензин, па после на плин

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #31 на: 31 Октомври 2012, 02:23:59 am »
Епа чим така.... Стегни зуби, купи ги сите делови што се потребни, и однеси ја самиот на мајстор и среди го кадетот комплет, без татко ти... Како што викаш, татко ти е тврдоглав и џабе ќе му зборуваш, па затоа е најубаво да ги преземеш работите во свои раце. Тек од кога ќе го направиш кадетот, и ќе го повози татко ти, ќе видиш, како ќе го смени мислењето: „еј да бе у право си бил сине мој“ ;D ;D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #32 на: 31 Октомври 2012, 03:25:50 am »
Јас па друго сакам, еве си собирам полека полека парички, плус една спортска да ме закачи така околу 2500-3000 евра и да му купам една алфа 147 јтд па после не да рече у право сум бил, туку да рече е ова било кола  ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #33 на: 31 Октомври 2012, 08:06:26 am »
Грев е после Опел Алфа да купуваш ;D

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #34 на: 31 Октомври 2012, 12:12:35 pm »
^+1! Злосторство е да го смениш Опелот за една Алфа.... ;D  ;D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #35 на: 31 Октомври 2012, 12:30:28 pm »
Колку гревови направил овој опел, вака може ке го заплашам  ;D ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #36 на: 31 Октомври 2012, 19:03:25 pm »
Грев, грев, ама секоја недела по една „аве-марија“, и „оче наш“ пред спиење, ќе ти биде простен гревот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #37 на: 03 Ноември 2012, 11:19:57 am »
Значи вака, утрово не запалил опелов. Таткоми се по ред извадил, и свекици и кабли и разводна капа, платина, карбуратор (ке ви кажам зошто). Разводната капа била чиста, немала кондензација, НО била пробиена од работење. Таткоми имал резервна капа во подрум, ја заменил, но забележал дека многу му мириса на бензин и кога ке види, од карбураторот пропуштало бензин. Го отворил и што ке види, пловакот во казанчето се наполнил со бензин и цело казаче полно со бензин и прелевало. Срека имаме доста стари карбуратори, и солекси и веберови, па го заменил и пловакот. Е сега намонтирано се, колава пак нејкеше да пали. Отворивме разводната капа и проверуваме дали бомбината фрла струја. Бомбината фрла струја, но струјата не стигаше до платина. Сменета и жицата на платината, проверуваме пак, стига струјата до платина, монтираме назад разводната капа, свекиците ги зачистивме и колава одма запали.
Сега на крај останува уште да се направат кабли за свекици, му дал тука некој комшија мрежен кабел онака убав, мек и тоа е тоа, се чека дожд да падне па да се види дали се подобрило нешто или не  :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #38 на: 03 Ноември 2012, 12:17:38 pm »
Јас сум скоро сигурен дека ако направиш кабел за свеќици од мрежен кабел, веднаш ќе ти пробие изолацијата и пак ќе си имаш проблеми. Оди кај тој во Бутел што го зборат, што прави кабли, нека ти направи асални кабли ко` што треба. Наменети за високи напони, преку 30-40KV, и со соодветна изолација

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #39 на: 03 Ноември 2012, 13:35:06 pm »
+1 +1 +1 +1 +1 +1 +1

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #40 на: 03 Ноември 2012, 14:02:20 pm »
Јас сум скоро сигурен дека ако направиш кабел за свеќици од мрежен кабел, веднаш ќе ти пробие изолацијата и пак ќе си имаш проблеми. Оди кај тој во Бутел што го зборат, што прави кабли, нека ти направи асални кабли ко` што треба. Наменети за високи напони, преку 30-40KV, и со соодветна изолација
Нака му најде гОЈДО од тие за далеководи....1м, нема да го караат во ЕВН... ;D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #41 на: 03 Ноември 2012, 14:11:09 pm »
Минимум 2.5 метра ми треба, за 5 кабли по 50 цм.
Му кажале на таткоми дека можело од мрежен, таков сака да стави, нека проба и нека види, баш и мене ме интересира дали може и колку ке трае. Во сет еден ни вика демек 200 степени издржувал тој кабел.

Него ке треба да се смени и платина, баш таткоми прееска рече, вика ај деновиве ке сменам
« Последно менување: 03 Ноември 2012, 14:26:11 pm Filomkd »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #42 на: 04 Ноември 2012, 17:58:58 pm »
Не е проблемот температурата. Самата изолација на кабелот е наменета за далеку пониски напони од она што го има кабел за свеќица. Веднаш ќе пробие изолацијата од тој напон.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #43 на: 04 Ноември 2012, 20:23:43 pm »
И мене ми е сумливо со таков кабел да се прават кабли за свекици, ама ако, нека си проба таткоми и нека си види, да видиме дали е мит или не, дали ке биде confirmed или busted  ;D
Иначе еве од вчера што отворивме, што чепнавме тоа платината, еве го денес пали одма, плус и пловакот од казанчето на карбураторот што го сменил таткоми, сега и на бензин прима, не се гуши додека стискам гас, претходно се гушеше на бензин, па примаше, сега одма прима. Сега се чекаат дождовни денови  ;D ;D

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Проблем со палење на дожд
« Одговори #44 на: 04 Ноември 2012, 22:07:33 pm »
Брзо ќе биде....