За некои постови наназад во темава.
Да, тргнавме со полн резервоар од Куманово, до Кратово врнеше, па возевме по прописи, со тоа што еден дел од патот го возев доста агресивно, таму каде што снимаше Онак и се побркавме со тоа пунтото JTD што ни се упика во колона, нешто низ Берово возевме, a потоа oд Берово до Струмица возевме многу агресивно и во понизок пренос на високи вртежи зашто беа кратки кривини и тука изгоревме доста гориво ...
Во Струмица досипав 25 литри по изминати 250 километри... значи, 10/100.
Да возев по прописи, некаде околу 8, 8.5l/100 би требало да биде.
Некој не може да ја види вистината, и кога му се сервира на тацна. Дизелот со многу помалку коњи завршил слична работа како бензинецот, кој е многу поскап и посилен, и потрошил 4-5 пати помалку гориво.
Поентата беше да извозиме иста релација, и да пристигнеме во исто време... манипулираш со фактите.