Автор Тема: Вработување  (Прочитано 566590 пати)

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 401
Одг: Вработување
« Одговори #5085 на: 15 Септември 2024, 21:42:17 pm »
Разликата во платата.

Во повеќето фрими Мерч зема фиксна плата и едноставно не се замара ако стигне арно.
Треба да е како во Атлантик каде зема плата според тоа дали комерцијлистот има фатено таргет, затоа што и тој влијае.
Ако не нареди навреме или нема позиции плус е изгубена продажба.

Треба во сите да е така.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk


Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 401
Одг: Вработување
« Одговори #5086 на: 15 Септември 2024, 21:48:43 pm »
во превод во дуќан од 23 квадрати да му напикаш 300 вреќи од твојот производ, што нема никад да го продаде.
Ако имаш моќ на убедување лесно ќе ти оди и ќе бидиш платен.
И тој знае дека нема да го продаде и на крај ти му гарантираш дека ќе му ги вратиш назад кога ќе помине рок.

Моментално е ако имаш пари и ќе го наполни маркетот со твоја роба.

Поточно мали маркети. Ќе му дадеш едно годишно одобрение од 500 до 2000 евра, зависи од маркетот и ќе те стави каде сакаш и ќе ги тргне другите.

Јас работам големи маркети и редовно добиваат одобрение, немаат проблем со рокови се е решено, дадено, подарено гратиси и роба фул.

Во спротивно ќе ти прават нарачки како им одговара и никогаш ќе немаш позиции за акции и плус сталажи.

А се тоа е плус и за продавачот и за купувачот.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Вработување
« Одговори #5087 на: 15 Септември 2024, 21:49:32 pm »
Merc pretezno zima 30k dodeka komercijalistot e 35k plus target vo 97% od firmite. E sega ti sto zimas 60k so srekja neka ti e ti padnala sekira vo med.
Taa plata povekje ide na pozicija nad komercijalist nego za komercijalist.
Nevestava sega e vo 3ta firma komercijalist ali vika za razlika od drugive 2 prethodni ovde e dosta labavo nema napinjanje kako vo prethodnine a gi drzi Vero,Ramstor,Zito,Kiper i ona u topansko golemono kako i da se vika. Vika labavo nema nervozi si izlaga u 8 doma vo 16:20 vikendi praznici doma zadovolna.
« Последно менување: 15 Септември 2024, 21:56:43 pm Vlatce-Vectra »

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 401
Одг: Вработување
« Одговори #5088 на: 15 Септември 2024, 22:28:54 pm »
Пак не е 5000 разлика и никој комерцијалист не е со таргет под 80% во фирма која има над 100 производи и секакви акции и голем share во маркетите.

40.000 плата ќе земеш во фирма како Нимекс и слични. Немаш таргет, продаваш што сакаш од асортиманот.

 Во поголема фирма разликата е над 200 евра.
Со 80% кај нас зема 45-46.000 со се друго исполнето.
За трагет може ќе го остават на 80% ама ќе му прават притисок да ги заврши другите работи.


 400 евра фиксна.
250 евра за тергет 100% се фатено и тоа не е што сакаш да продаваш, туку од се има таргети.
 30 категории да се над 95%
Затоа што имаме производи кои сами се продаваат и производи кои ни 1+1 не ги бараат. И тие мора да излезат од магацин и да се продаваат.


100 евра имаме бонус ако сме над 120%
100 евра за нумеричка дистрибуција, одредени производи во сите маркети да се продадат, да се стават сталажи итн различно секој месец.

 100 евра за наплата на долгови, да се намали долгот на одредена граница.

50 евра за средени и доставени документи.


Не ми паднала секирата во медот, туку си бара многу труд, желба, посветеност. Ако не ја сакаш оваа работа не ја работи. За било што е важи ова.

Се тоа го гледаат и менаџери и принципали со посети на маркети, преку слики што ги ставаме секој ден итн.
И за тоа тие што им е средено добиваат плус бонуси.
Дали си во 8 во маркетот или не. Дали имаш пратено слики или не.

Во оваа работа секогаш на почеток на месец сам си бираш каква плата ќе земеш.

Дали некој ќе ти прави притисок за таргет или не.
Заврши си навреме се седи си под сенка.





Sent from my SM-A528B using Tapatalk

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #5089 на: 15 Септември 2024, 22:41:27 pm »
Абе требаше на времето школо да учите, убав велеа старците ама кој да ги слуша, сега ќе сметате проценти. Тоа е животот.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8584
  • Малерозен дрводарец
Одг: Вработување
« Одговори #5090 на: 15 Септември 2024, 22:43:24 pm »
Па, нели беше "Учи за да не работиш?".
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #5091 на: 15 Септември 2024, 22:45:30 pm »
Па, нели беше "Учи за да не работиш?".
Некој немал врска што зборел. Сфатил до пола и после се усрал.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Вработување
« Одговори #5092 на: 15 Септември 2024, 23:11:04 pm »
Abe pola od milionerive vo MK se bez faks. Toj ne razmislue ide gazi ako upali upali.
Toj uceniot 10 pati kje se preispita dali da zagazi vo tie vodi i na kraj kje si rece abe administracija si e sigurno 30k platice sekoj mesec i kje si svirkam.
Inace momce toa ti sto go iznapisa za tvoite dodatoci sto gi zimas procitaj i gore vo 97% od firmite go nema. Zatoa i vrabotenite povekje od 1 godina ne im sedat. Kolku i da si posveten kako tvojot slucaj odi vo gornite firmi rmbaj pola godina za 35k i sam kje si reces koj ve e.e si odam za tie pari ne sedam.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 401
Одг: Вработување
« Одговори #5093 на: 15 Септември 2024, 23:33:33 pm »
Затоа и ги нема тие плати, освен Нелт, Атлантик, Скопска Пивара.

Даути ги излажаа сите со такви плати, привлекоа еден куп и на крај корпа добија со под 40.000 плата.
Мора да се од 08-16:00 во маркет, ги следат секој ден.

Па и од кај нас бегаат сакаат помалку замарање, идат некаде за 35.000-40.000

Се фалат како таму било убаво, раат, немало таргети, никој не им се јавува на телефон итн.
После неколку месеци гледаш сакаат да се вратат назад, малку пари било.

Некои ги вратија, а некои не.


Инаку во тие фирми може само менаџер, за комерцијалист нека им оди некој што моментално е мерч.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Вработување
« Одговори #5094 на: 15 Септември 2024, 23:43:35 pm »
Sekoj so svojata srekja.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Вработување
« Одговори #5095 на: 15 Септември 2024, 23:44:23 pm »

Kako vikas NE E TOCNO. Nelt taa plata ja nema.
Sekoj so svojata srekja.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10403
Одг: Вработување
« Одговори #5096 на: 27 Септември 2024, 23:52:38 pm »
Шо не си се вратиш ко така ?
Ја само еден зна што се врати, удрил пијан во кола... За да не ојт тамо робија му понудиле да е заборајт германија з авозврат  :)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2202
Одг: Вработување
« Одговори #5097 на: 27 Септември 2024, 23:57:04 pm »
Зависи на минималец самец или  фамилијарен со еден вработен.Минималец во Де е околу 1500-1600е,стан со сметки за самец од 450 до 750е + јадење/пиење 300-400е се доаѓа до 750-1100е месечно,така да на самец ќе му остане мин. една минимална македонска плата,другар имам самец тука во Де,стан плаќа 400е и 300е за јадење пиење,више од 600-700е му остануваат.За двајца едно 1400-1600е месечно се потребни за да се покрие се,ова од лично искуство,со еден минималец се поминува месецот,другата плата останува.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Вработување
« Одговори #5098 на: 28 Септември 2024, 00:58:36 am »
Шо не си се вратиш ко така ?
Ја само еден зна што се врати, удрил пијан во кола... За да не ојт тамо робија му понудиле да е заборајт германија з авозврат  :)
Имам другар кој се враќа после 4 години живеење таму, во мало гратче живее и нема саглам работа (работи тешка физичка работа) и се жали како Германија не била иста како во времето кога бев јас таму (2020-2021). Не му верувам на муабетите, али дека би напуштил работно место со некоја си просечна плата и remote работа од дома без некое посебно замарање за да земам 1600€ нето и да плаќам еднособен стан 600€ таму + храна, не фала.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 325
  • The best or nothing.
Одг: Вработување
« Одговори #5099 на: 30 Септември 2024, 22:19:59 pm »
Да не работи или има работено некој на аеродром - Тав? Првпат гледам огласи од нив, а гледам комбиња врие низ скопје со вработени.
Имаат неколку огласи, па дали да пуштам и таму цв.
Нешто ме нејќе за вработување, периодов.  :)