Не е баш така.
АВРМ си има своја улога и јас би рекол АВРМ треба да е репер.
На пример, имаш население, во голем процент кое се води како невработено, зема социјална помош а не бара работа, ниту пак сака да најде, ниту пак мажот ја пушта да излезе од дома и да работи. Таквото население е на терет на сите други вработени во државата. Таквите не треба да се рачунаат како невработени туку како доброволно невработени и не треба да добиваат социјална помош. Затоа УЈП не е репер.
Понатаму, АВРМ вработува голем број на невработени, претежно градежници и секакви други кога се организираат јавни работи. АВРМ знае кој колку време бара/не бара работа, па затоа информациите се попрецизни. И секако, АВРМ ја има информацијата повратно од УЈП за тоа кој плаќал персонален данок а кој не.