Автор Тема: Квалитетот на VW.  (Прочитано 226890 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5948
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #30 на: Септември 20, 2012, 11:56:17 am »
колата ја има купено пред 7-8 години, така да тогаш немаше општонароден увоз на коли.

Отсутен ikeyaro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #31 на: Септември 20, 2012, 12:26:38 pm »
На татко ми прва кола му била Голф 1, се покажала најдобро, ми се чини приближно 140.000 поминати (пред некој ден ми кажуваше), потоа премина во Голф 3, го возеше околу 2 години без никакви дополнителни трошоци освен стандардните сервиси, потоа не знам кој гавол го натера купи Сузуки Балено, го возеше 1 година со ненормални маки од типот на електрика и што уште не, за да го продаде и купи Пасат 4ка во 97ма год. Пасатот до ден денес се вози, околу 250.000 со мали трошоци од типот на основни потрошни материјали и од тогаш па навака сме рекле стриктно само VW у нашава фамилија :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 32194
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #32 на: Септември 20, 2012, 12:41:56 pm »
Ви се погодил.
Икејаро пошто не знаеш. Службено имаме 7 комада Поло 1.2, 1 х Поло 1.4, 2 х Туарег 3.0 V6 TDI, 2 х Тигуан 2.0 TDI.
Сите Половци до едно страдаат од сензор на брегаста осовина кој се менува 2-3 пати годишно. Исто така на сите им страдаат предниците, не можат да се ценрираат оти чаурите им откажуваат на 40.000 км. На сите им се расипани бравите за верглање (заглавуваат) па со судни маки можеш да заверглаш. Сите се со поминати најмногу 40.000км освен едно кое има 60.000.

Едниот туарег заврши со заебан диференцијал (4000 евра замена). А двата неколку пати се шлепани од Србија до Скопје. Белград изгледа им е баксуз град.

Единствено Тигуаните немале ниеден дефект. 2.0 TDI моторот им е одличен, затоа во поново време само за нив се вади зелен картон... и за полото со 1.4 мотор, тој не страда од сензор на брегаста :)

Иначе јас имам Буба 1300 од 73-та година. Хаварисана. Пред кадетот да го наследиме имавме иста таква буба и Голф1 1.1. Постарите Фолксвагени дефинитивно се помалку расипливи, нормално бидејќи се и поедноставни.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #33 на: Септември 20, 2012, 12:44:28 pm »
Тогаш VW изгради име, особено во Европа. Јапанците си беа во Јапан и во Америките ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен ikeyaro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #34 на: Септември 20, 2012, 12:54:14 pm »
Банзаи точно ептен :) штом веќе имаш изградено доверба и квалитет кај клиент, тешко дека ќе те смени.

А Фаланга, сте виделе вие маки ептен... тоа сакав да кажам и ја, у принцип што постаро, тоа подобро :)

А за погодување на колата, тоа е сурова вистина за жал, како и дали ќе ти се погоди. Ама игра голема улога и кармата :) до сега, да чукнам у дрво, сум немал никакви поголеми дефекти со Голфот. Затоа сум заљубен у Голф и мислам дека ќе го купувам до крајот на животот :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 32194
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #35 на: Септември 20, 2012, 13:02:46 pm »
Абе Голф како Голф е супер кола, под услов да не ти здосадува едно те исто цел живот и да не ти се расипува. Од Поло и Туарег сум разочаран, а Голфовите како се држат со кварливост стварно немам лично искуство. Не коментирам ништо за Голфот освен тоа дека е flagship на компактите, тоест возило правено да биде ориентир за сите конкуренти и сите наредни модели на Голф. Скупо али добро.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 49191
  • Махер
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #36 на: Септември 20, 2012, 13:03:54 pm »
Банзаи точно ептен :) штом веќе имаш изградено доверба и квалитет кај клиент, тешко дека ќе те смени.

А Фаланга, сте виделе вие маки ептен... тоа сакав да кажам и ја, у принцип што постаро, тоа подобро :)

А за погодување на колата, тоа е сурова вистина за жал, како и дали ќе ти се погоди. Ама игра голема улога и кармата :) до сега, да чукнам у дрво, сум немал никакви поголеми дефекти со Голфот. Затоа сум заљубен у Голф и мислам дека ќе го купувам до крајот на животот :)
Чувството што го нуди внатре е непроценливо. Посебно во 5ка и 6ка. :)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8978
  • Аstra la vista baby !
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #37 на: Септември 20, 2012, 13:38:43 pm »
Тука треба да се спомне маната на МК3 со електриката на прозорци и сончев кров. :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12280
  • Пудингот на шоферството
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #38 на: Септември 20, 2012, 13:53:44 pm »
VW како и (скоро)сите други возила до 2000 година имаа квалитет,од тогаш наваму се е катастрофа.Де ова,де она им е мана.Е сеа,според мене се квалитетни(значи постарите) заради тоа шо се едноставни.Некој спомена пример со 1.9 обичен дизел,па на него нема шо да се расипи да го е**м.И јас возев Рено(кое важи за расипливо возило) 5 1.6 обичен дизел и имавме поминато над 350Ккм...Сите дефекти кои ги имаше беа предизвикани лично од мене или од брат ми...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 370
  • ? ? ?
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #39 на: Септември 20, 2012, 14:02:21 pm »
Имајќи ја предвид намерата на VAG да стане најголем прозводител на светско ниво, очекувано е тоа да се одрази на квалитетот. Тој тренд е започнат, за жал.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 32194
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #40 на: Септември 20, 2012, 14:08:20 pm »
А која е поентата да се биде најголем производител на автомобили? Кого задоволува тоа:?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 49191
  • Махер
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #41 на: Септември 20, 2012, 14:09:34 pm »
Имајќи ја предвид намерата на VAG да стане најголем прозводител на светско ниво, очекувано е тоа да се одрази на квалитетот. Тој тренд е започнат, за жал.
Toa времето ќе покаже. :) :) :)

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 370
  • ? ? ?
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #42 на: Септември 20, 2012, 14:10:25 pm »
@Falanga: Акционерите  ;D

Отсутен ikeyaro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #43 на: Септември 20, 2012, 14:14:51 pm »
Имајќи ја предвид намерата на VAG да стане најголем прозводител на светско ниво, очекувано е тоа да се одрази на квалитетот. Тој тренд е започнат, за жал.

Јас па мислам обратно. Имајки ја желбата за тејковер на целиот пазар, најбитно им е квалитетот пред се, како и што се покажува со 75% од сите модели и зголемени побарувачки. Ама сепак, ќе видиме, мада јас лично се сомневам дека ќе прават неквалитет.

А нормално со текот на времето, што поново - тоа покомплицирано и повеќе изложено на разни дефекти.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 49191
  • Махер
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #44 на: Септември 20, 2012, 14:16:39 pm »
Имајќи ја предвид намерата на VAG да стане најголем прозводител на светско ниво, очекувано е тоа да се одрази на квалитетот. Тој тренд е започнат, за жал.

Јас па мислам обратно. Имајки ја желбата за тејковер на целиот пазар, најбитно им е квалитетот пред се, како и што се покажува со 75% од сите модели и зголемени побарувачки. Ама сепак, ќе видиме, мада јас лично се сомневам дека ќе прават неквалитет.

А нормално со текот на времето, што поново - тоа покомплицирано и повеќе изложено на разни дефекти.
А со користење на заеднички делови како следното подвозје и цената ќе е поконкутентна. Со што директно добиваат крајните корисници.