Автор Тема: Квалитетот на VW.  (Прочитано 386771 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1830 на: 21 Април 2019, 19:15:37 pm »
Па не ги измамил, ги поминале тестовите возилата. :D

Па не е баш така. Изгубени се стотици милијарди евра поради таа измама, без разлика што поминале на тестовите.

Може погрешно сум сфатил јас, но до тоа дека има “измама“ дојде поради тоа што на друг тест т.е. нормално возење повеќе загадуваа колите од декларирано?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1831 на: 21 Април 2019, 19:37:53 pm »
Може погрешно сум сфатил јас, но до тоа дека има “измама“ дојде поради тоа што на друг тест т.е. нормално возење повеќе загадуваа колите од декларирано?

Па како да ти кажам. Еве ти два-три примери. Ако ти се чита целото обвнинение, достапно е гарант на страницата на Судот/Обвинителството во Брауншвајг. Околу 75.000 страници е.

Данокот за возила во Германија е базиран на колку грама ЦО2/Азотни оксиди исфрла возилото. Ако исфрла повеќе, се плаќа повеќе пари. Сите тие ЕУ5 возила загадувале повеќе, а за нив е плаќано помалку данок. Со други зборови, државата реално требало да собере повеќе даноци од регистрираните возила.
Секој концерн добива средна вредност на грамови по километар во целиот свој асортиман на возила. И за нив плаќа одредени еколошки даноци на државата и на ЕУ. Ако загадувале повеќе возилата од декларираното, значи имаат уште даноци за плаќање. Пушта возила во сообраќај врз база на лажна хомологација и заработува пари врз база на таа хомологација. Поради тие причини, милиони луѓе имаат изгубено илјадници евра поради обезвреднување. Не се тоа 100-200-500 коли. Ако од тие милион возила сите изгубат само 1000 евра од вредноста, веќе зборуваме за една милијарда. Ако изгубат две-три илјади, ако загадувале повеќе, требало да плаќаат повеќе данок. Ако свесно купувале дизел кој помалку троши и помалку загадува, наеднаш испаѓа дека не е баш така.
Мора некој да ја сноси таа одговорност. А се почнува со врвот на таков концерн. И затоа тресењето од ракав, нема да биде/нема да го осудат/или билошто не е баш така како што мислиш.

Коментирам за германското обвнинение. Aмериканското од US Securities and Exchange Commission не го коментирам.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1832 на: 21 Април 2019, 19:41:08 pm »

Ок јас сфаќам дека парите се изгубени поради тоа што што плаќале помалце, но мене друго ми е поентата. Проблемот е во тестовите, VW ги задоволиле тестовите кои што им биле поставени. Вината е кај тој што го смислувал тестот. Што е со другите фирми што исто така имаа поголеми загадувања по новите тестови кои беа измислени за VW?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1833 на: 21 Април 2019, 19:48:13 pm »
Како може да биде проблемот во тестот кога овие ставиле уред за лажирање на резултатите со цел евазија на даноци и измама на купувачите дека купуваат чист дизел?

Sent from my Redmi Note 6 Pro using Tapatalk

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1834 на: 21 Април 2019, 20:00:58 pm »
Зошто е лош тестот? Затоа што мери загадувања преку ОБД2 и ги користи вградените сензори во возилото да мери загадувања? Затоа што не ставале сонди и не мереле накнадно?

Во Германија нема прв технички преглед. Ако е ново возилото има технички преглед автоматски. Си има типска хомологација дека ги исполнува условите за неговата генерација, за загадувањето, за сигурносните системи и за сите конструкциски елементи. И тоа е тоа. После три години ти е првиот технички преглед кој треба да го правиш ти како сопственик.

Чисто за пример: Ако ново-произведените возила би имале ТУФ/Декра технички преглед. Годишно, индустријата произведува по 5-8 милиони возила. Пресметај сам колку возила се тоа и на сите да им се прави посебен технички преглед (кој трае 10-20 минути) за секое ново произведено возило. Една станица за технички преглед ако работи пет дена во неделата, тоа се 260 дена. Ако проверуваат по четири возила на саат доаѓаме до бројката од 8300 возила на ден. За да ги проверат само новите возила треба нон стоп да работат 720 станици да проверуваат само нови возила. А кај се другите милиони и милиони коли во сообраќај? Понатаму, не сите возила се за германскиот/ЕУ пазар. Треба да изградат паралелни технички прегледи/станици за другите возила за другите држави.

Друго, колку си сигурен дека другите стварно имале поголеми загадувања и/или имале defeat devices?
Колку што следам весници/медии, федералната полиција и обвинителството влезе во централите на сите авто-производители во последните две години точно поради таа причина.

Не е тоа Македонија другар, каде секој се знае со секој и сите знаат кој што прави. Произведуваат коли за цел свет, и наеднаш цел свет знае дека заебале работа. И сега нормално, некој треба да плати.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1835 на: 21 Април 2019, 21:16:45 pm »
Како може да биде проблемот во тестот кога овие ставиле уред за лажирање на резултатите со цел евазија на даноци и измама на купувачите дека купуваат чист дизел?

Sent from my Redmi Note 6 Pro using Tapatalk

Го најдоа ли уредот/кодот користен за лажирање?

Зошто е лош тестот? Затоа што мери загадувања преку ОБД2 и ги користи вградените сензори во возилото да мери загадувања? Затоа што не ставале сонди и не мереле накнадно?

Во Германија нема прв технички преглед. Ако е ново возилото има технички преглед автоматски. Си има типска хомологација дека ги исполнува условите за неговата генерација, за загадувањето, за сигурносните системи и за сите конструкциски елементи. И тоа е тоа. После три години ти е првиот технички преглед кој треба да го правиш ти како сопственик.

Чисто за пример: Ако ново-произведените возила би имале ТУФ/Декра технички преглед. Годишно, индустријата произведува по 5-8 милиони возила. Пресметај сам колку возила се тоа и на сите да им се прави посебен технички преглед (кој трае 10-20 минути) за секое ново произведено возило. Една станица за технички преглед ако работи пет дена во неделата, тоа се 260 дена. Ако проверуваат по четири возила на саат доаѓаме до бројката од 8300 возила на ден. За да ги проверат само новите возила треба нон стоп да работат 720 станици да проверуваат само нови возила. А кај се другите милиони и милиони коли во сообраќај? Понатаму, не сите возила се за германскиот/ЕУ пазар. Треба да изградат паралелни технички прегледи/станици за другите возила за другите држави.

Друго, колку си сигурен дека другите стварно имале поголеми загадувања и/или имале defeat devices?
Колку што следам весници/медии, федералната полиција и обвинителството влезе во централите на сите авто-производители во последните две години точно поради таа причина.

Не е тоа Македонија другар, каде секој се знае со секој и сите знаат кој што прави. Произведуваат коли за цел свет, и наеднаш цел свет знае дека заебале работа. И сега нормално, некој треба да плати.

Не реков дека се прави на секоја кола технички нит па дека е Македонија нит ми треба пресметки колку коли се прават во секунда затоа што е неповрзано со обвинувањата. Јас викам дека тие возила ја задоволиле хомологацијата и отпосле на друг тест за кој што не биле спремни возилата не ја задоволиле. Не ми доаѓа сега друга идеа ама тоа е исто ко Меси да го туриме во НБА да игра и да се чудиме како и таму не го бива. Јас не го бранам VW туку целава кампања против нив беше идиотска со оглед на тоа дека и други брендови не ги поминаа истите тестови.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1836 на: 21 Април 2019, 23:01:28 pm »
Зошто баш VW?

Затоа што тие го туркаа дизелот напред а не другите. Затоа што тие се фалеа дека произведуваат милиони возила и дека сакаат да се први во светот. Затоа што тие се фалеа дека имаај најдобар дизел што најмалку троши и највеќе иде. Затоа што тие се привилегирани, постојат специјални закони само за нив. Кампањата беше сосем во ред.

Кукање дека не било фер е исто како со приказната за лавот и волкот. Украл волкот некое јагне од некое трло и тргнал во шумата да го јаде. Го сачекал по пат лавот и му го земал јагнето. Волкот се оддалечил десетина метри и почнал да кука како на нефер начин лавот му го зел јагнето.

Дали треба истрагата да ги смести во затвор одговорните на сите други брендови што лажеа? ДЕФИНИТИВНО.
Дали требаше да се почне од Фолксваген? И да и не, ама повеќе накај ДА. Тие го влечеа трендот, тие треба први да бидат казнети.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1837 на: 21 Април 2019, 23:46:03 pm »
Дарт Хесус да ја гледа првата епизода од Dirty Money.
А додека му се симне може и ова...

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1838 на: 22 Април 2019, 07:53:51 am »
Не реков дека се прави на секоја кола технички нит па дека е Македонија нит ми треба пресметки колку коли се прават во секунда затоа што е неповрзано со обвинувањата. Јас викам дека тие возила ја задоволиле хомологацијата и отпосле на друг тест за кој што не биле спремни возилата не ја задоволиле. Не ми доаѓа сега друга идеа ама тоа е исто ко Меси да го туриме во НБА да игра и да се чудиме како и таму не го бива. Јас не го бранам VW туку целава кампања против нив беше идиотска со оглед на тоа дека и други брендови не ги поминаа истите тестови.

Па штом и после тоа не разбираш, не можам да ти објаснам на друг начин.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1839 на: 22 Април 2019, 15:58:07 pm »
Па нема што да се разбере. Постоел начин на кој што се прави хомологација. Производителите на тој тест имале одредени резултати. После им текнува дека не е добар тој тест откако се произведени и тестирани колите и прават друг и на тој не поминуваат колите. Да се тестираат колите од еуро3 и еуро4 стандард во возење веројатно и на тие нема да им одговараат резултатите со тие од првичните хомологации.
(патем се почнува кога VW ептен почнува да продава во САД)

Зошто баш VW?

Затоа што тие го туркаа дизелот напред а не другите. Затоа што тие се фалеа дека произведуваат милиони возила и дека сакаат да се први во светот. Затоа што тие се фалеа дека имаај најдобар дизел што најмалку троши и највеќе иде. Затоа што тие се привилегирани, постојат специјални закони само за нив. Кампањата беше сосем во ред.

Кукање дека не било фер е исто како со приказната за лавот и волкот. Украл волкот некое јагне од некое трло и тргнал во шумата да го јаде. Го сачекал по пат лавот и му го земал јагнето. Волкот се оддалечил десетина метри и почнал да кука како на нефер начин лавот му го зел јагнето.

Дали треба истрагата да ги смести во затвор одговорните на сите други брендови што лажеа? ДЕФИНИТИВНО.
Дали требаше да се почне од Фолксваген? И да и не, ама повеќе накај ДА. Тие го влечеа трендот, тие треба први да бидат казнети.

Каде се фалеле, јас вакво нешто не памтам освен во една реклама за Широко?
« Последно менување: 22 Април 2019, 16:03:27 pm DarthJe5us »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1840 на: 22 Април 2019, 16:47:22 pm »
Не сум упатен многу, но колку што знам, преварата е во софтверот на колите, односно, да препознае околности дека се врши тестирање и за тоа време дава поинакви параметри или му наложува на моторот  да работи малку поинаку па издувните гасови се на понизок левел.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1841 на: 22 Април 2019, 17:19:41 pm »
Да, токму така и на крај се испостави дека буквално сите производители го правеле истото. Ама не е интересно за муабет тоа.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1842 на: 01 Мај 2019, 20:24:07 pm »
Long-term test 150.000km на Пасат караван во 1.8 тси.

ttps://www.autobild.de/artikel/vw-passat-variant-150.000-kilometer-dauertest-13922539.html

Она што ми остави впечаток е состојба на главата на мотор со директно вбризгубање, дури и неверојатно. Нема грам гареж.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1843 на: 01 Мај 2019, 20:31:53 pm »
Тоа е мотор на Ауди и има двојно вбризгување. Кога треба да испорачува многу моќност работат инјекторите со директно вбризгување. Кога круза и му треба малку моќ за да оддржува брзина ги користи тие во усисната грана.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1844 на: 01 Мај 2019, 20:32:42 pm »
Да, токму така и на крај се испостави дека буквално сите производители го правеле истото. Ама не е интересно за муабет тоа.

Кажи му го ова што си го пишал кога ќе го посетиш во затвор. Може полесно ќе му биде.

https://business.financialpost.com/transportation/autos/vw-senior-manager-faces-prison-for-us-emissions-scandal