Може погрешно сум сфатил јас, но до тоа дека има “измама“ дојде поради тоа што на друг тест т.е. нормално возење повеќе загадуваа колите од декларирано?
Па како да ти кажам. Еве ти два-три примери. Ако ти се чита целото обвнинение, достапно е гарант на страницата на Судот/Обвинителството во Брауншвајг. Околу 75.000 страници е.
Данокот за возила во Германија е базиран на колку грама ЦО2/Азотни оксиди исфрла возилото. Ако исфрла повеќе, се плаќа повеќе пари. Сите тие ЕУ5 возила загадувале повеќе, а за нив е плаќано помалку данок. Со други зборови, државата реално требало да собере повеќе даноци од регистрираните возила.
Секој концерн добива средна вредност на грамови по километар во целиот свој асортиман на возила. И за нив плаќа одредени еколошки даноци на државата и на ЕУ. Ако загадувале повеќе возилата од декларираното, значи имаат уште даноци за плаќање. Пушта возила во сообраќај врз база на лажна хомологација и заработува пари врз база на таа хомологација. Поради тие причини, милиони луѓе имаат изгубено илјадници евра поради обезвреднување. Не се тоа 100-200-500 коли. Ако од тие милион возила сите изгубат само 1000 евра од вредноста, веќе зборуваме за една милијарда. Ако изгубат две-три илјади, ако загадувале повеќе, требало да плаќаат повеќе данок. Ако свесно купувале дизел кој помалку троши и помалку загадува, наеднаш испаѓа дека не е баш така.
Мора некој да ја сноси таа одговорност. А се почнува со врвот на таков концерн. И затоа тресењето од ракав, нема да биде/нема да го осудат/или билошто не е баш така како што мислиш.
Коментирам за германското обвнинение. Aмериканското од US Securities and Exchange Commission не го коментирам.