И овде сите тие услуги ќе поскапат кога ќе се качи стандардот.
Тоа се таков тип на услуги кој наплаќаат колку што муштеријата може да плати. Џабе зубар или адвокат ќе стави цена ко на запад кога нема кој да му влезе у ординација односно канцеларија.
Според мене како најголеми виновници за економскиот дебаланс во кој се најдовме се транзицијата и воведувањето на еврото.
Транзицијата од социјализам у капитализам беше болен за најголемиот број граѓани. Скоро по еден вработен од секоја фамилија беше технолошки вишак, златните кокошки како телеком, рафинерија, дистрибуција и слично се продадоа, нивната продажба можда и немаше да биде толку трагична доколку цените на овие услуги не отидоа пута 3. Вториот удар беше воведувањето на еврото каде платите останаа исти а цените во грото случајеви отидоа дупло. Солидната плата од 500 марки во 2000 - 2001 беше доволна за солидна живеачка каде човек можеше да си ги приушти сите задоволства на модерното живеење + да му остане паричка на страна. Денес со 250 евра неможеш ништо да направиш. Така да во блиска иднина не гледам светла перспектива, чак што више мислам дека ќе биде потешко. Изминативе 4 години и некако се гураше, во главном благодарејќи на достапноста на разно разни кредити и кредитни картички. Али без прилив тие стануваат рупа без дно, ќе просперираат фирмите кој се бават со трговија и производство на храна и други неопходни продукти. Останатите еден по еден ќе банкротираат.
Е сега има еден многу битен моменат, ако не побараш никој нема да ти даде, затоа во светот постојат штрајкови, протести, нереди, не само против владата туку и против сите газди на фирми кој трупаат богаство кој го стекнуваат на плеќите на својте вработени.