Без Лада нива тестот е половичен.
Најфантастичното нешто кај Лада Нива е набавната цена. Во ниската набавна цена лежи 95% од нејзината способност: „секој“ може да си ја приушти.
Како теренско возило со занемарување на цената е океј, но не е ни проближно семоќна како што е извикана.
Ама океј е! Не сакам ни у лудило да ја дисреспектирам! Во моето срце
секогаш ќе има место за Лада Нива. Прилично способо возило. Но не најспособно. По мое субјективно мислење, офроуд способностите на Нива се отприлика на рамниште на Навара или Хилукс. Тоа не е малку! Но не е ни врв.
На пример, онаму каде што Нива ќе се искачи со многу труд, внимание и драми, Jeep Cherokee со своето фенси подвозје и дистрибуција на силата ќе се искачи со едната рака на воланот, а со другата рака менување песни на цеде-плеерот. Е, сега, Cherokee-то чини околу 10 пати повеќе од Нива...
Извор: неколку години работев на базни станици за телефонија/интернет и лично се имам качено на речиси сите највисоки врвови во македонија со теренско возило по повеќе пати, во сите годишни времиња. Најчесто со Нива, но во неколку пригоди и со други возила, меѓу кои и гореспоменотото Чироки. Ако сега можам да бидам со што ќе се качувам на Томорос, Локвица, Стогово или Пелистер - немам дилеми. И нема да биде Нива
P. S. За конечните офроуд способности, квалитетот на гумата е, по мое, еден од најбитните, но често пати занемаруван или не доволно уважен фактор. Полно „неуспешни“ офроуд тестови би биле успешни со друга гума, исто како што и многу „успешни“ тестови би биле неуспешни со друга гума (а све друго исто).