Пандите се многу способни теренци поради краткото меѓуоскино и малата тежина. Од мое истражување, подобри се Пандите од MY2008, значи некаде средина 2007 па натаму поради разлики во 4x4 системот, односно менаџментот на истиот. За ова нема никаде спомнато во прес затоа што Фиат веројатно не сакал тоа да излезе во јавност.
Е сеа, од уште поспособните Панди ја имаш Панда Крос, на која стандардно се вградува ELD системот (LSD на задната оска), и количево го прави незапирливо. ELD е добар и во Панда пред 2008 година но е на база на viscous coupling, додека по 2008 година е на база на торк векторинг (си грабнува кочница на тркалото што лизга, за да почне другото да врти). Овие се подобри зошто имаат доста помалце компоненти, т.е. системот е активиран од компјутерче и тоа е тоа, додека овие со вискозна спојка треба доста често да се предихтуваат.
После сите овие информации, ќе ти кажам дека на огласи има само една Панда Крос (мислам дека е пред 2008 година), и неколку обични 4х4, од кои само една е 2008 година и плацот ја цени 4500 евра.
Купи си ти Пандичка, вози ја додека не ти помине меракот, и можеш да ми се јавиш мене да ти ја откупам кога ќе ти досади