Не мора да има причина за да се сопре полицаец,онака рутинска контрола,да види дали си положен,дали ти е регистрирано возилото,дали имаш пиено,на клипот малку грубо се испонаша полицаецот,ама си побара документи лепо фино,само можеше лепо и фино да му каже дека е рутинска контрола а не да се испонаша кретењачки.Мене ме имаат многу пати застанувано,добро вечер,документи ве молам,ке ги виде,има пиено (на 2 пати имам дувано,ама 0.00).
Само еднаш имае републичка контрола во градот,и истиот полицаец на истото место во рок од 3 ч ме застана 5 пати.Само што испаднав,ме застана му ги дадов документите,се во ред,вртам на кружен тек,пак ме застанува,но ме препозна (немаше 1 мин.)ми рече терај.После 3ч пак вртам низ град,ме застана ми побара документи му ги дадов но му кажав дека пред некој час ме проверил,ме погледна и ми ги даде документите,пак поминувам пак ме застана,ама откако ме виде рече терај,третиот пат ме застанува и ми вика,абе дечко што правиш ти,ми реков нема што да правам си вртам со колата,на тоа ми вика,ако е така да ти дадам палка и да ми помогнеш,но онака не на груб начин.