Денеска на качување на Плетвар накај Прилеп, ми смрзна малку гомцето...
Како што качуеме нагоре, мокра подлога, врне, праи-чини, од спротивната страна искача Мицубиши Паџеро од кривина. Идеше пребрзо, така да, како што искачаше од кривината, веќе беше занесен, му проклиза задниот дел. Како што се симиња надоле, занесува према нас, па према надвор од патот, па пак према нас, и пак према надвор, неколку пати. Јас залепив кола најдесно што можам, и ептен успорив, малтене застанав у место. Типот, после неколку занесувања лево-десно, успеа некако да исконтролира и продолжи натаму. Секоја чест за контролирањето, ама сум го искинал од пцуење поради пребрзото возење на таков пат, при такви услови.