јас би купил 1.5хди, незнам зошто ама мојот став е дека 1.2 мотор е мал без разлика на коњажа, за c5, peugeot 3008, 408. Ево после 1900км поминати со peugeot 2008, 1.2 so 130ks, можам да кажам дека возилото е ок. Моторот е тамам за оваа шасија. Едино што ме загрижува е дека PSA моториве после 1.2 puretech се муабетите дека каишиве се потопени во масло, и дека врват до макс 60.000км Дури во Хрватска имало возила и на 3 сервис што менувале каиш меѓу 30.000->40.000км
@MarceCvarce ако не е тајна колку те кошта сервис масло и филтри?
Не можеш да кажеш дека 1.2 бензин е мал, а 1.5 дизел е добар. 1.5 дизел му доаѓа пандан на 1.2 бензин, нема некоја значајна физиолошка разлика, разликата е 20%.
А тоа со каишот од една страна е тешка глупост, ама ако се менува навремено не е некаков проблем. Напротив има бенефити, моторот е потивок и помалку троши. Ако си европјанин и тераш сервиси by the book тој проблем и не е проблем.
Миле те молам објасни што мислиш под физиолошка разлика.
Мислам на тоа дека од аспект на тоа дека и 1.2 бензин и 1.5 дизел се прилично компактни мотори наменети за компактни возила и горе/доле ќе му дадат многу слични перформанси на возилото.
Муабетот ми е споредуваме мали, компактни, економични мотори. Така да и двата се мали мотори.