Јас го видов Таиго уште лани во Грција, така да како модел познат ми е. Очекувам дека ќе е доста солиден со продажба, со оглед на тоа што убаво изгледа - а тоа е единственото нешто по кое се купува кола денес. Со 1.0тси и ДСГ мислам дека ќе е полн погодок ако е под 20.000еур.
Пумата е поубава, и пофраерска, сигурен сум дека е и подинамична и потивка, а ако е со 1.5 ќе е и побрза. Сепак се се сведува на тоа која ќе е поефтина со аутоамтик, така да тоа е тоа. Мислам дека и Ц4 е јак конкурент во овој ценовен ранг со оглед на тоа што и треба да е подобар во се.