\
И сега нема од Ибица до Поло. Порано имаше повеќе. Највеќе во ужасните централни конзоли на сеат кои ги имаше и во Леонот и Ибицата.
Како нема разлика, 2019 година кога јас купував (сеуште актуелни модели) имаше видлива разлика меѓу ентериерот на Ибицата и Полото, тоа е и главната причина што ме одврати од купување Ибица.
Првата ствар која ќе ја приметиш уште првите 5 секунди штом влезеш е воланот/менувачот/рачната. Кај Полото се изработени од напа кожа која е мека и пријатна на допир. Кај Ибицата дури и конецот со кој е прошиен воланот е апла некоја синтетика која те гребе додека го држиш воланот. Истото е и со менувачот и рачната.
Втора ствар таблата. Кај Ибицата е од тврда пластика кај Полото е гумирана. По мене може доста битна ставка затоа што табла од мека пластика не прави рефлексија на шофершајбната при сончев ден. Веројатно има и ефект на намалување на буката од моторниот простор во споредба со пластична табла. Естетскиот момент е само плус.
Исто така вентилационите отвори кај Полото се изработени да можат и да се насочуваат во правец и да се отворат затворат (со оние 0-1 тркалца под секој отвор). Кај Ибицата истите ги нема, се затвораат на друг принцип кој оневозможува странично подесување на струење на воздухот.
Полото исто така доаѓа со амбиентално осветлување во таблата, Ибицата не.
Прекинувачите кај Полото се изработени со "хромирани" елементи кај Ибицата без.
Небото кај Ибицата е изработено од друг материјал, не дека ќе го допираш ама изгледа доста ефтино и потсетува на ефтини или доставни модели, кај Полото е истиот материјал како кај Голф/A3.
Кај Полото освеетлувањето во кабината со ЛЕД, Ибицата сеуште користи халогени сијалички.
Полото има УСБ приклучоци позади, Ибицата не.
Е сега бидејќи јас претходно возев Голф 6 и купував нова кола, не можев да се помирам да дадам пари токлу пари за нова кола а да е приметно полошо изработена од Голф 6. (во Ибицата тоа го осетив, кај Полото го немав тој момент).
Сето ова можеби се ситници и ако некому тоа не му е битно може слободно да гледа и Дачиа, уште повеќе ќе заштеди отколку на Ибица.
Верувам и дека грото од овие ситници не дека не се можело да се избегнат туку намерно се така направени за да Полото е Поло а Ибицата Ибица. Сеат како марка е насочена кон млада популација на која не и се битни вакви детали ниту пак ќе ги приметат туку повеќе ценат агресивен дизајн, екрани, поврзување и слично.
Но дека нема разлика во изработката/материјали е далеку од вистина.