Не сум слушнал за регистрација од 500е у МК...
Максималната премија за автоодговорност (без попусти, со стакла, за возила над 110kw) е (околу) 16.500 денари и околу 7000 денари технички преглед и регистрација за возила над 3200ццм
Разлика помеѓу X5 3.0d и А8 4.2 tdi може да биде макс 2-3000 денари, ако и толку.
Може да игра улога што овој со А8 е под 26 години. И не знам дали ги кажуваа цените за со зелен картон или без.
Браво, тако млад, а тако успешан.
Ја на 26 се мислев што сакам да бидам кога ќе пораснам.
Успешан ку*ац...Има кеш татко му, он е само потрошувач во струјното коло. Kако што рече
@Stratro Небитно мене поентата ми беше дека разликата за регистрација помеѓу ете некој тенк X6 и А8 не би била којзнае колкава, а и кога веќе имаш толку многу пари за возило мислам дека одржавањето не би претставувало проблем. Јас повеќе би се насочил на другиот муабет од погоре, има луѓе кои ги имаат овие коли, а не патуваат никаде, немаат едноставно потреба од таква кола. Тоа не ми е сфатливо и до некаде одсекогаш сум имал контра муабет со тие луѓе. BMW 5ка не е кола за на кафе и низ град... Јас како млад човек си поштувам спортски возилца, купе/кабрио нешто што едноставно повеќе доликува на млад човек, и колата што ја имам ми ги задоволува сите потреби. Имам гоооолем мерак за појака, поголема кола, ама немам воопшто потреба од таков луксуз. Нити сум некој бизнисмен да бркам состаноци во различни локации па да имам потреба од толкав комфорт и трошок..
Ама на крајот од денот секој со свои пари за свој ќеиф..