Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 897722 пати)

Отсутен desden

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Велосипед
« Одговори #2775 на: 27 Февруари 2015, 16:28:57 pm »
Дали имате видено негде во Скопје иста или слична стега? https://www.youtube.com/watch?v=GWErzJehb5A

Планирам да направам bike stand, се друго веќе имам спремно, ама стега не.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Велосипед
« Одговори #2776 на: 28 Февруари 2015, 19:52:45 pm »
Не знам модел... ај баш ќе поминам деновиве да разгледам модели па ќе пишам.
Ништо... од тие евтините има само Каприоло некои кои не ми прават мерак, а имам голем мерак на road bike па земав еден стар од чичко ми и ќе му сменам некои делови колку да тера до работа и назад. Е сега да не му се наоѓаат на некој кочници како овие подоле за давање/продавање? Прашав во две продавници немаат, али ќе пробаат да најдат, а тоа може да трае и месеци.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2071
Одг: Велосипед
« Одговори #2777 на: 01 Март 2015, 16:58:52 pm »
Зошто не ги реставрираш овие ? Ми изгледаат како исправни... Само што се козметички малце лоши. Можеш да ги зачистиш со астрал жица, да ги прехромираш или па да ги исчистиш и да ги префарбаш, секако ако не најдеш некои други подобри. :)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #2778 на: 02 Март 2015, 10:12:02 am »
Дејвокер ми даде мене еден точак, може да има на него делови што можеш да ги искористиш. Ај да видам што има таму па ќе ти пишам.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен StefanPsy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Велосипед
« Одговори #2779 на: 02 Март 2015, 13:00:12 pm »


Што викате за мојот велосипед?

Еве и како се користи  ;D
http://www.pinkbike.com/u/stefanpsy/channel/all/

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Велосипед
« Одговори #2780 на: 06 Март 2015, 00:59:31 am »

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Велосипед
« Одговори #2781 на: 06 Март 2015, 01:08:49 am »
Што гуми ми препорачувате да си купам> Нејкам асвалтки, но нејќам и некои големи крампонки, немам некој јак точак, 21 брзинец, го возам најчесто на кеј, не ми е за по брдо и такви работи, и од каде да зимам? Благодарам однапред :)

Отсутен Alksndr

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Велосипед
« Одговори #2782 на: 19 Март 2015, 12:48:35 pm »
Во вучко има многу добри надворешни гуми.
Kenda 1.95 за асфалт.
Јас моментално ги користам, стари се година дена и го искачиле неколку пати водно до крст, козјак и настанот "Шарски води"

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1382
  • Велешанче
Одг: Велосипед
« Одговори #2783 на: 19 Март 2015, 22:48:31 pm »
По која цена одприлика може да се најде роад точак постар модел ( како што имаше @MartinAlfista, нормално не истата марка и не толку добро среден).?
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Велосипед
« Одговори #2784 на: 19 Март 2015, 23:36:05 pm »
Јас земав пред 2 недели за дедоми за 3000 денари... Назад има 6/7 брзини, напред само една голема е.. браници има светла на динамо, назад багажник (со федер), фабричка пумпа....

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1382
  • Велешанче
Одг: Велосипед
« Одговори #2785 на: 19 Март 2015, 23:42:59 pm »
Може слика ? Јас сакам да си купам и да си го средам сам како што си го среди Мартин.
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Велосипед
« Одговори #2786 на: 19 Март 2015, 23:53:29 pm »
Велосипедот сум сигурен дека вреди повеќе од 3000... Ќе ти сликам утре задутре, иначе стандард е..
Рамката, бандажите, воланот се скоро исти..

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
  • Бенве сие бенве
Одг: Велосипед
« Одговори #2787 на: 27 Март 2015, 20:52:17 pm »
Здраво, имал ли некој искуство со capriolo на велосипед мк ги има моделите, сакам да си купам за рекреативно возење по нормален терен би дал некаде до 18 000ден макс.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Велосипед
« Одговори #2788 на: 27 Март 2015, 21:00:53 pm »
Здраво, имал ли некој искуство со capriolo на велосипед мк ги има моделите, сакам да си купам за рекреативно возење по нормален терен би дал некаде до 18 000ден макс.

Колку што знам, арни се.

Ја би ти препорачал за тие цени да ѕирнеш и Sprint и Drag.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2789 на: 27 Март 2015, 21:20:29 pm »
Ако се тие истите што ја држат продавницата кај спортскиот центар Борис Трајковски, тогаш да знаеш дека се прескапи за тоа што го нудат. Оди во Бајк Маркет земи си Поларче, не фрлај пари во ветер.