На Пунтото треба да се менуваат 2 гуми (Hankook), моментално на преден погон се летни Ханкук од 2016 година и околу 50к км поминато, а на заден погон се Матадор MP62 all weather evo од 2019 година и некои 25.000 км поминато. Цело време, зависно од сезона, се одеше со ротација напред/назад и во прилог по некоја фотка во каква состојба се гумите.
Hankook letni DOT 2016
Matador MP62 all weather
Колата се вози локал 99% од времето, со некоја годишна км од околу 8.000-9.000 км и немало потреба од 2 сета гуми. По она што го видов (и што се гледа од сликите), голем е данокот кога ја возиш летната гума во зима.
Во план е утре да се земат уште 2 Матадор MP62, таман ќе бидат сите 4 исти гуми, а и како што гледам за овие 4 години не е толку нагризана (да не речам девастирана) како Ханкук-от.
Веќе кога сум тука да прашам, дали Матадор ги има само во Мотоцентар или и на некое друго место, во план е прво да се провери во Мотоцентар, не знам дали имаат уште акција и колку чини сега, пред некој месец ми дадоа понуда за 2.900 ден од гума?
ЕДИТ: По неколку обиди ги добив во Мотоцентар, 3080 ден гума Матадор MP62 All Weather Evo, плус 120 ден монтажа и балансирање, значи вкупно 3200 ден од гума, резервирани за утре