Автор Тема: Problem so klima  (Прочитано 204414 пати)

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Problem so klima
« Одговори #855 на: 16 Август 2019, 13:27:12 pm »
Сијалички најдов 20 ден парче,ресистор не најдов никаде,се е по порачка,отидов кај автоелектричар,го покажувам и вика нема потреба ново да зимаш,овој
ќе го средам,и оваа го направи,пробувам дува на најсилно,ебати електричаро...😬,ќе порачам ново,во меѓувреме монтирани сијаличките и склопено...
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Леле...

Инаку, немаше кај растурачите?!
Еве ти неколку контакти.
Делови за Фиат браво 1.9 JTD (https://www.facebook.com/viktorbajk)
Жарко од Ѓорче (растура фиат, алфа): https://www.facebook.com/zarko.georgievski.9
Фиат Дерби сервис: https://www.facebook.com/fiatderbi.derbi
Или на крај, влези во групава и прашај: https://www.facebook.com/groups/fiat.club.oglasnik/

Поздрав. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Problem so klima
« Одговори #856 на: 16 Август 2019, 13:35:23 pm »
Скини тоа жичлето што го намотал, и ќе ти работи ко што работело до сеа ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Problem so klima
« Одговори #857 на: 16 Август 2019, 13:42:10 pm »
Тоа и го направив 😁,од 2 брзина натаму си работи.
Фала 386-ка ќе прашам но не сум од СК,може и тоа ќе е расипано,а и поскапо бараат овие шо растураат,веројатно ново ќе нарачам.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Problem so klima
« Одговори #858 на: 16 Август 2019, 13:58:45 pm »
Види eBay.

А пошто се dirt cheap, најди part numberи јави се во Аутомобиле СК.

Јас, лично, половно не би ставал. Може исти кур да се деси за брзо, па џабе растурањето.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Problem so klima
« Одговори #859 на: 16 Август 2019, 17:58:33 pm »
Добро, зар нема таков отпорник во логин електроник?!?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Problem so klima
« Одговори #860 на: 17 Август 2019, 17:37:54 pm »
И филтри за ваздух имале xD

Отсутен icka

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Problem so klima
« Одговори #861 на: 26 Септември 2019, 12:44:57 pm »
Здраво на сите,

ова лето имав чудна ситуација,

идам да надополнам фреон , дотуруваат од прилика 500гр. и ми кажуваат дека се е во ред,

поминува 1 седмица , климата воопшто не лади , повторно идам на истиот мајстор и ми кажува дека повторно недостасуваат 500гр , ги надополнува и се е во ред . Од прилика 3.5 месеци климата си работи супер и постига на температура.

После тој перио повторно го имам истиот проблем климата не лади воопшто , идам повторно и ми кажува дека пак недостасуваат 500гр.

Прашањето ми е како 1виот пат за 1 недела недостасуваа 500гр. а и 2ориот пат исто така 500гр фреон ?

Дали некој е имал слична или иста ситуација и до колку знаете некој совет околу тоа ?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Problem so klima
« Одговори #862 на: 26 Септември 2019, 12:59:09 pm »
Ништо не дополнуваат, туку наново ја полнат, толку и збира климата околу 500г, зависи од колата.

Смени го сервисот оди кај друг да ти стават боја, на толку брзо трошење ќе се види каде бега.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Problem so klima
« Одговори #863 на: 27 Септември 2019, 11:58:05 am »
Здраво на сите,

ова лето имав чудна ситуација,

идам да надополнам фреон , дотуруваат од прилика 500гр. и ми кажуваат дека се е во ред,

поминува 1 седмица , климата воопшто не лади , повторно идам на истиот мајстор и ми кажува дека повторно недостасуваат 500гр , ги надополнува и се е во ред . Од прилика 3.5 месеци климата си работи супер и постига на температура.

После тој перио повторно го имам истиот проблем климата не лади воопшто , идам повторно и ми кажува дека пак недостасуваат 500гр.

Прашањето ми е како 1виот пат за 1 недела недостасуваа 500гр. а и 2ориот пат исто така 500гр фреон ?

Дали некој е имал слична или иста ситуација и до колку знаете некој совет околу тоа ?

Или од нечистотијата во цевките/цревата се затнала дупката или пак вентиките кај што се полни се поместиле вонподобра положба па подобро држат притисок.
Секогаш е тешко да се најде што е проблемот. Во некои клима сервиси даваш 2000 ден и додека не го решат проблемот не доплаќаш за фреон

Отсутен limunce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Problem so klima
« Одговори #864 на: 11 Ноември 2019, 23:34:42 pm »
Здраво.. Сакам да купам голф 5 плус 2005 година 1.9 105кс, колата е супер само има проблем со климата. Имено, клината не се пали а ни перката не врти. Колку голем проблем е тоа и како се решава?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Problem so klima
« Одговори #865 на: 12 Ноември 2019, 09:16:36 am »
Све се решава со пари ;D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Problem so klima
« Одговори #866 на: 12 Ноември 2019, 11:45:21 am »
@limunce Се пишуваше на оваа тема за Голф 5, фабричка мана им се компресорите...во твојот случај останува да се провери да не се работи за електромагнетниот вентил (околу 30-40 евра), а ако немаш толку среќа тогаш е компресорот, точно ќе ти каже секој мајстор за клими, моја препорака А.Ц.Е. клими (Вебасто) кај Раде Кончар, Саше им беше најискусниот таму...олеснителна околност е што сега нема гужви и цените можат да бидат за нијанса пониски отколку во сезона....јас како што паметам, кај нив земав нов компресор за мојата (тогашна) 5-ка, марка Санден со монтажа околу 280-300 е....да не се лажеш да земаш половен компресор, како што пишав, фабички проблем имаат, значи ќе те задеси истото каде и да е, поздрав
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Darko_sk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Problem so klima
« Одговори #867 на: 05 Декември 2019, 18:00:53 pm »
Препорака за добар мајстор за проблем со кола на VW Polo?

Колата без проблем загрева работна температура, но климата ставена и на максимум температура воопшто не дува топло, туку цело време е дува ладно. Го смениле и термостатот, но проблемот останува ист. На загреана кола климата не дува топло.

Можен проблем и препорака за добар мајстор да ја види, а не официјален Порше сервис? (Сервис Митревски не го препорачувајте, не работел авто клими, беше однесена кај него)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Problem so klima
« Одговори #868 на: 06 Декември 2019, 07:29:54 am »
Клапната не ти отвора/затвора за ладно/топло, моторчето не ти работи (автоматска) или проблем со сајлата (мануелна)?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Problem so klima
« Одговори #869 на: 06 Декември 2019, 09:09:45 am »

@Darko_sk
Претпоставката е мајката на сите заебувања