како што се гледа се со број BCPR5ES и на овој линк ги има да се купат по цена од 2,07 фунти или околу 150 денари, јас колку што се сеќавам ги купив 170 денари
Не е баш математиката плукни залепи како што си ја направил
1) Не си пресметал ДДВ: 2.07 + ВАТ = 2.07 + 19% = 2.46 фунти
2) Не си пресметал достава:
http://www.sparkplugs.co.uk/pages/shipping/sparkplugs-limited-shipping.htm.
International shipping by Royal Mail airmail is currently available to European destinations at approximate cost price (minimum £5.18+vat).
Доставата се пресметува во зависност од пратката, но минималната сума е 6,16 фунти.
Па така ако земеш сет од 4 свеќици и да есапиме минимална сума за достава ќе излезе 4*2.46 + 6.16 = 16 фунти за 4 свеќички, или 4 фунти една свеќичка. По курсна листа на НБРМ тоа се 292 денари за свеќичка.
Сепак тие од твојот линк се препродавачи. Ако си порачаш директно од NGK, тогаш:
Ако земеме дека си некој препродавач, бидејќи кај нас нема фирма која може да увезе и продаде количина за да биде дилер со повластени цени, тогаш да претпоставиме дека ќе порачаш над 100 свеќички од тој тип.
http://www.ngk.com/more_info.asp?AAIA=&pid=3043Цената е 2.89 долари + 19% ДДВ или вкупно 3.44 долари.
Тежината на една свеќичка е од прилика 50 грама. Еден килограм со најефтината од понудените достави на страницата на NGK ќе те чини минимум 20 долари, значи ќе те чини по 1 долар од свеќица. Или тоа е 4.44 долари по свеќичка.
При внес во државава треба да платиш царина од 15% и данок од 18% или тоа се 4.44 * 1.15 * 1.18 = 6 долари по свеќичка. По курс на НБРМ ќе му дојдат по 260 денари од свеќичка.
Таа сума е онаа набавната цена на дилерот. По праксата на нашите продавачи, према купецот цената ќе биде за 50% повисока од набавната, значи некаде околу 400 денари по свеќица.
Значи како и да есапиш 170 денари никако неможе да излезе.