Автор Тема: Иридиум, платина или ... Свеќички и High Tension кабли за подобри перформанси  (Прочитано 23315 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Може пишува НГК на нив, но дека се оригинал за 180 денари кај нас не верувам. Кој парт намбер се за да споредиме колку пари се да се порачаат од странство.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
баш ќе проверам мислам дека и кутијата ја чувам кај што беа спакувани

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
еве слики од свеќиците





како што се гледа се со број BCPR5ES и на овој линк ги има да се купат по цена од 2,07 фунти или околу 150 денари, јас колку што се сеќавам ги купив 170 денари
« Последно менување: 14 Април 2011, 22:43:48 pm Dean »

Отсутен NetworX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 929
Јас имам NGK за плин околу 250ден. мислам дека се. Пред нив имав некои обични и ми трокираше колата правеше чуда, одкако ги ставив овие немам такви проблеми.
Dear God. Thank you for providing us with the direct-port nitrous injection, 4 core intercoolers, ball bearing turbos, and titanium valve springs, Amen.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
NGK e закон... и јас возам исто НГК, само не знам кој... колата као да се препороди...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
како што се гледа се со број BCPR5ES и на овој линк ги има да се купат по цена од 2,07 фунти или околу 150 денари, јас колку што се сеќавам ги купив 170 денари
Не е баш математиката плукни залепи како што си ја направил

1) Не си пресметал ДДВ: 2.07 + ВАТ = 2.07 + 19% = 2.46 фунти
2) Не си пресметал достава: http://www.sparkplugs.co.uk/pages/shipping/sparkplugs-limited-shipping.htm.
Цитат
International shipping by Royal Mail airmail is currently available to European destinations at approximate cost price (minimum £5.18+vat).
Доставата се пресметува во зависност од пратката, но минималната сума е 6,16 фунти.

Па така ако земеш сет од 4 свеќици и да есапиме минимална сума за достава ќе излезе 4*2.46 + 6.16 = 16 фунти за 4 свеќички, или 4 фунти една свеќичка. По курсна листа на НБРМ тоа се 292 денари за свеќичка.

Сепак тие од твојот линк се препродавачи. Ако си порачаш директно од NGK, тогаш:

Ако земеме дека си некој препродавач, бидејќи кај нас нема фирма која може да увезе и продаде количина за да биде дилер со повластени цени, тогаш да претпоставиме дека ќе порачаш над 100 свеќички од тој тип.
http://www.ngk.com/more_info.asp?AAIA=&pid=3043

Цената е 2.89 долари + 19% ДДВ или вкупно 3.44 долари.
Тежината на една свеќичка е од прилика 50 грама. Еден килограм со најефтината од понудените достави на страницата на NGK ќе те чини минимум 20 долари, значи ќе те чини по 1 долар од свеќица. Или тоа е 4.44 долари по свеќичка.

При внес во државава треба да платиш царина од 15% и данок од 18% или тоа се 4.44 * 1.15 * 1.18 = 6 долари по свеќичка. По курс на НБРМ ќе му дојдат по 260 денари од свеќичка.

Таа сума е онаа набавната цена на дилерот. По праксата на нашите продавачи, према купецот цената ќе биде за 50% повисока од набавната, значи некаде околу 400 денари по свеќица.

Значи како и да есапиш 170 денари никако неможе да излезе.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Шо напраи бе  гОЈДО....ќе те зеам за помошник...:)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Ако платата ми е четирицифрена во евра кажи уште веднаш да поднесам барање за прекин на договорот за вработување. Рокот ми е месец дена, па да не губам време и пари...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Ако платата ми е четирицифрена во евра кажи уште веднаш да поднесам барање за прекин на договорот за вработување. Рокот ми е месец дена, па да не губам време и пари...

Еееее па ти одма на 4 цифри...лагзам малку....:)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Моментално работам од понеделник до петок од 7:30 до 15:30. По потреба останувам и прекувремено и во неработни денови, но несмеам да имам вкупно повеќе од 216 работни часови во месецот и секој прекувремен час е платен како часипол. Не работам за државни и верски(православни) празници и имам платен одмор од 24 работни дена годишно кој е задолжително да го искористам. Земам 13-та плата и бонус за Нова Година.
Једино што ми фали е 4 цифрена плата во евра. Па ако ми ги понудите истиве услови и таква плата да преговараме. :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
А една дада за коа си на одмор може ли..... ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Зависи каде и со кого одмарам. Може и повеќе. ;)
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Темава беше за свеќици (ако не се лажам),него добри услови Гојдо браво за тебе :)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
За свеќиците јас ја напишав ориентационо цената инаку јасно ми е дека има ддв, царина, испорака... муабетот ми беше дали свеќиците јас што сум ги купил се NGK или фалсификат, факт е дека според бројот постои таков модел, дека цената да ги купиш во странство или овде е слична и дека јас ги возам 30 000 километри и уште се во добра состојба, значи и кај нас веќе има импортери што не набиваат цени и носат квалитетна роба

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Цената да ги купиш овде е 2 пати поголема одошто во странство. Види ја математиката. Ако купуваш поголема количина ќе ти излезе 1.5 до 2 пати поголема во зависност од количината.

Ако ги купиш од наш прекупец во продавница тогаш според сите правила и норми треба да е 2.5 до 3 пати поголема одошто таа во странство. Тоа што не е логично е да ги платиш поевтино одошто директно да ги нарачаш од NGK во земјите каде има официјални представништва со магацини и производство. Затоа се сомневам дека се оригинални, без оглед на тоа колку идентично изгледаат како и оригиналот.

Ако ти е комплицирана таа пресметката погоре, види колку пари се движат во Грчка, стави 30% на таа цена и рачунај дека се што е подоле е фалс.
Ум шо идит отпосле не јет ум!