Кај мене каде стаклата фабрички се 20% затемнети мерено со апаратот од машински со додавање на фолија со 35% затемнување се добива вредност 65~67% затемнетост, што е неточна бидејќи не се мери хомоген материјал туку 2 различни материјали помеѓу кои има прекршување на светлосните снопови.
Покрај тоа меревме и со фолија од 0% затемнување при што апаратот покажа затемнетост од 33%, што е неточна бројка. Значи што и да залепите на предни стакла нема да поминете на машински.
Одредувањето на точното затемнување е практично многу тешко бидејќи се работи за различни материјали, различно обоени кои имаат различни својства на одбивање и спроведување на светлината. Доколку би биле идентични тогаш затемнувањето би се пресметало со множење на факторите на видливост, на пример: 0.8 * 0.65 =.52, каде 0.8 се 20% фабричка затемнетост, а 0.65 се 35% дополнително затемнување со ист материјал.
И покрај тоа што материјалите се различни, во принцип затемнувањето би требало да се движи во тој ранг, т.е. 45%~55% затемнување, што не ми прави проблем за ноќно и зимско возење.