Регистрацијата ти ја пишува и во сообраќајна така да нема за што да те исклучат.
Според законот има за што. Тоа ти е (законски - по член 344 став 1) потполно исто како без таблици да возиш, иако си ја регистрирал колата. (Ти паднале, ти ги украле, си ги извадил за да извршиш некој криминал или што ти ја знам...)
Пушти линк од казна за немање налепница.
Sent from my Huawei P9
Ахтунг друже еве ти извадок од законот:
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЗИЛА
Сл. Весник на Р. Македонија, бр.123 од 02.10.2012 година
Член 23
По членот 33 се додава нов член 33-а, кој гласи:
Член 33-а
Налепница за извршена регистрација (1) Налепницата за извршена регистрација ја изработува правно или физичко лице овластено од Министерството за внатрешни работи.
(2) Налепницата за извршена регистрација задолжително треба да има квалитет и заштита утврдени во прописот од членот 27 став (1) алинеја 5 од овој закон.
(3) Не е дозволено да се менува налепницата за извршената регистрација на возилото. Возилото не може да биде во сообраќај на патиштата со поинаква налепница за извршена регистрација од пропишаната или со променета налепница за извршена регистрација.
(4) Налепницата за извршена регистрација треба да биде поставена на начин утврден во прописот од членот 27 став (1) алинеја 5 од овој закон. (5) Налепницата за извршена регистрација треба да биде добро видлива и читлива, да не е оштетена.(6) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возилото што постапува спротивно на одредбите од ставовите (3), (4) и (5) на овој член.“