Автор Тема: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта  (Прочитано 18838 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #30 на: 22 Мај 2012, 10:02:17 am »
Дизелот како гориво има низок октански број, стандардно под 30, тоа ни кашува дека за да настане самозапалување е потребно поголема температура и помал притисок, кај бензинот е обратно висок октански број што значи на пониска температура се пали горивото.

1. Обратно: низок октански број значи ниска температура на самозапалување, а не висока.

1.а. Притисоците во цилиндрите кај дизелите се значајно поголеми отколку кај бензинците. Тоа, заедно со нискиот RON еквивалент кај дизелот (т.е. ефективен октански број, иако „октански број“ речиси и да не се употребува кај дизелот, освен дескриптивно) предизвикуваат палење на горивото без искра. Просто е доволно вруќ воздухот кога клипот е најгоре (затоа што тогаш и притисокот е многу голем) и кога се вбризгува горивото тоа веднаш се самозапалува.

2. Притисокот и температурата се во правопропорционална, а не обратнопропорционална зависност. По голем притисок значи по висока температура.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #31 на: 22 Мај 2012, 11:11:15 am »
Kaj дизел горивата се користи терминот цетански број и е различно од октански број по дефиниција.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #32 на: 22 Мај 2012, 11:22:45 am »
Kaj дизел горивата се користи терминот цетански број и е различно од октански број по дефиниција.

Toчно. Октанскиот и цетанскиот број се неповрзани и означуваат потполно различни нешта. Затоа погоре не велам „RON“ туку „RON еквивалент“.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #33 на: 22 Мај 2012, 11:47:27 am »
„А за блокирањето на ЕГР вентилот треба да се знае дека може да се оштете катализаторот“

За ова молам за дообјаснување...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #34 на: 05 Ноември 2012, 19:24:48 pm »
И ја уште чекам дообјаснување ... ;)

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #35 на: 07 Декември 2012, 15:31:13 pm »
Изгледа дека двајцата ќе си чекате и понатаму  :)
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #36 на: 07 Декември 2012, 16:22:23 pm »
Добро е де, има време иии.... ;D