Автор Тема: Вести од Автомобилскиот Свет  (Прочитано 358302 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Само што јавноста го подзаборави скандалот околу неколкуте самозапалувања на италијанските суперавтомобили, „Ферари“ повторно се наоѓа во центарот на негативното медиумско внимание во автомобилските кругови.

Jed LeceisterAudi Q3 WhiteblueВистинска правна борба се одвива помеѓу 21-годишниот Семи Васем од Швајцарија, кој брендот од Маранело го тужи за 11 милиони долари. Имено, Семи пред неколку години бил голем фан на „Ферари“ и таа љубов сакал да ја изрази преку правење на атрактивна фејсбук страница. Страницата е направена пред 6 години и до сега е една од најпопуларните автомобилистички страници на фејсбук, што на маркетинг одделението на „Ферари“ не му се допаднало.



ferrari-fighting-21yo-over-facebook-page-he-created-79127_1Иако во 2009 година, официјалните лица на „Ферари“ со официјално писмо му честитаат на Семи Васема 500.000 фанови, наскоро му соопштуваат дека го злоупотребил нивниот бренд и интелектуална сопственост, за да ги рекламира своите производи.

Ferrari-World-DesignПотоа следува вистинска виртуелна драма – италијанската компанија го превзима администрирањето од младиот сопственик, оставајќи го само како уредник со ограничени права. По извесно време, му ги одзема и тие права, а Васен возвраќа со тужба, барајќи компензација од најмалку 10 милиони франци (11 милиони долари).

Младиот Швајцарец не ни делува како да е сеуште фан на „Ферари“, но доколку победи на суд, ќе може да си купи каков било суперавтомобил.


LosiPatista

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #826 на: 30 Април 2014, 20:20:12 pm »
Се преценил малиот :) Демек 11 милиони долари му вредел фејсбук фан сајтот Пфффф...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #827 на: 30 Април 2014, 20:27:40 pm »
Не вреди страницата толку. Но толку вреди криминалот на Ферари, ако не и повеќе

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #828 на: 01 Мај 2014, 13:57:31 pm »
Не може на секој што ќе му прдне на к*от да бара обештетување колкаво сака. Си има суд, ако добие, ќе му одреди сума согласно некои проценки на релевантни лица (вештаци по нашки), и толку може да добие. Ако добие. Со среќа нека му е тужењето со Ferrari. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #829 на: 01 Мај 2014, 14:09:28 pm »
ова ме потсетува на борбата помеѓу сопственикот на сајтот www.f1.com и ФИА ....

Отсутен MKDPetar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 589
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #830 на: 01 Мај 2014, 17:47:20 pm »
ŠKODA Е НАЈДОБАР ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ ВО 2014

http://avtoplus.mk/vesti/zanimlivosti/koda-e-najdobar-proizvoditel-na-avtomobili-vo-2014


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #832 на: 03 Мај 2014, 12:59:31 pm »
Незадоволните сопственици на Porsche 911 GT3 бараат обесштетување

Mediji prenose da su među vlasnicima automobila čiji će motori biti zamenjeni i voditelj emisije Top Gear, Ričard Hamond, kao i kompanija McLaren, koja je nabavila jedan primerak u svrhu razvoja svog budućeg modela P13.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #833 на: 03 Мај 2014, 16:06:34 pm »
Нека направат видеа на Youtube, 1.000.000 погледи за 1 ден ;)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
MITSUBISHI СО РЕКОРДНИ ГОДИШНИ ПРОФИТИ
« Одговори #834 на: 06 Мај 2014, 20:42:37 pm »
Јапонската автомобилска компанија Mitsubishi забележа најголемата годишна добивка во историјата. За финансиската година, која заврши кон крајот на март, производителот заработил 1,2 милијарди долари, што е апсолутен врв досега. Споредено со претходниот 12-месечен период, добивката е речиси два пати поголема. Покрај тоа, сопствениците на акции во Mitsubishi исто така добиваат дивиденди за прв пат во последните 16 години.

Проектираните резултати за новата финансиска година исто така се охрабрувачки за фирмата. Се очекува за 12-те месеци до крајот на март 2015 година Mitsubishi да ја подигне чистата добивка на 1,3 милијарди долари, со што ќе бидат исполнети плановите за наредните две години.


LosiPatista

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #835 на: 06 Мај 2014, 23:39:52 pm »
nemoj be!
Aj mozebi toa ke gi oxrabri da izvadat nov Lancer.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #836 на: 07 Мај 2014, 13:06:30 pm »


ИНТЕРВЈУ: Славче Таневски – Младиот македонски дизајнер кој работи за Mercedes-Benz!

http://www.carclub.mk/2014/05/07/intervju-slavche-tanevski-mladiot-makedonski-dizajner-koj-raboti-za-mercedes-benz/

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #837 на: 07 Мај 2014, 15:30:38 pm »
Секоја чест за човеков

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Fiat ќе инвестира 5 милијарди евра во Alfa Romeo
« Одговори #838 на: 08 Мај 2014, 08:58:06 am »
Алијансата Fiat Chrysler Automobiles планира инвестиции од 5 милијарди евра во брендот Alfa Romeo. Ова е една од најзначајните точки во 5-годишниот план кој го објави првиот човек на на алијансата, Серџио Маркионе.



Парите ќе бидат искористени за проширување на моделната гама на италијанскиот производител. Предвидено е лансирање на 8 нови модели, а сите тие ќе се произведуваат во Италија на новата платформа Giorgio, која е наменета за возила со заден пренос или на сите четири тркала. Шасија може да се користи како од компактни возила, така и од кросовери.

Благодарение на проширувањето на моделната гама во Alfa Romeo очекуваат да достигнат годишен обем на продажба од 400.000 возила. Во 2013 година резултатот на италијанскиот производител беше едвај 74.000 единици.

Маркионе сепак не откри детали за најновите модели. Се знае само дека еден од нив ќе биде готов до крајот на 2015 година, а останатите во периодот 2016 – 2018 година. Од моделите кој во моментов се дел од гамата ќе отпадне MiTO, а Giulietta при смената на генерациите ќе добие заден пренос и ќе се нуди како седан, кој на пазарот ќе конкурира на Mercedes- Benz CLA.

Ќе има и седан со средни димензии, кој најверојатно ќе се вика Giulia. Истото име ќе го добие и караван верзијата на овој модел. Во плановите на Италијанците е и голем премиум – седан, кој ќе конкурира на BMW 6 – Series, кросовер – поголем од BMW X3, но помал од BMW X5, како и уште еден кросовер со големи димензии.

Топ моделите на Alfa Romeo ќе добијат мотори од Ferrari. За останатите се предвидени 4 -цилиндрични бензински мотори со моќност од 110 до 330 КС и 4 -цилиндрични дизел – од 110 до 210 КС. Најмоќните дизел мотори со 6 цилиндри ќе имаат помеѓу 250 и 350 КС, а бензинските помеѓу 400 и 500 КС.



LosiPatista


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Во генералниот пласман, меѓу повеќе од 200 кандидати, од кои потоа беа номинирани 28 финалисти, победник е Nissan Qashqai. Основоположникот на сегментот на компактните кросовери доби и уште едно признание – најдобар во својата категорија.



Многу важно признание во овој избор е титулата за Најдобар автомобил со алтернативно управување, која му припадна на Mitsubishi Outlander PHEV.

Еве ги и останатите победници по категории победници:

- мал автомобил – Ford Fiesta
- модел од компактната класа – Volkswagen Golf
- најдобар голем автомобил – BMW 3 Series
- луксузен автомобил – Mercedes- Benz S -Class
- најдобар караван – Škoda Octavia Estate
- мултифункционален ( MPV ) автомобил – Citroen Grand C4 Picasso
- кросовер – Nissan Qashqai
- најдобар 4×4 автомобил – Range Rover Sport
- спортски автомобил – Peugeot RCZ

LosiPatista

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need