Избегавам да постирам но овојпат ќе направам исклучок пошто општо интерес е некои работи да се расчистат.
- Обични маски (тие од правоаголно парче платно со ластичиња) не штитат од зараза, тоа е точно. Но N95 маските штитат од зараза и препорачани се за употреба од медицинскиот кадар. СЗО препорачува да не се купуваат никакви маски најмногу за да останат повеќе маски за здравствените работници, што во основа е глупаво ако се гледа од аспект на спремноста на Здравството за вакви настани (и евтината цена на производство на N95 маските). Се покрива неспремноста со лаги.
- Блатантно неточно е тоа дека обичниот грип има поголема смртност од COVID-19, последните стастистики од Италија покажуваат 8% смртност. Тоа веројатно е премногу (не се тестирани сите заразени, што ја менува статистиката), но покажува дека споредување со обичниот грип е целосно неточно.
- Се манипулира со бројките, манипулацијата со податоците иде до таму да ете и на википедија е сменето дека Шпанскиот век од пред 100 години имал само 2-3% смртност што е менување на историјата и на фактите, инаку до скоро таму стоело 10 до 20% смртност:
https://en.wikipedia.org/wiki/Spanish_flu#SpreadДоказ, снепшот од истата страница:
https://web.archive.org/web/20200212112202/https://en.wikipedia.org/wiki/Spanish_fluФактите:
https://www.nationalgeographic.com/science/2020/02/here-is-what-coronavirus-does-to-the-body/Молекуларна биологија и патофизолгија на COVID-19 и како ги инфицира човечките клетки:
https://youtu.be/Eeh054-Hx1U?list=PLQ_IRFkDInv-NvRRUN0aqe51sMs188k8z&t=178Разбирливо е лажењето на институциите заради неширење паника, но подобро е да се знаат фактите.
Владата (оваа и сите други) се состојат од неспособни луѓе баш како разрешената директорка. Не велам дека сите се неспособни но фактите се дека
Здравството ни е неспремно и неспособно за справување со ситуацијава.
Без разлика на точниот процент на смртност лесно може да се предвиди следново:
- нема да има доволно болнички капацитети
- нема да има доволно медицински кадар, делумно и заради ретардираните како дотичната директорка-докторка која заеба и онеспособи цел еден симпозиум од доктори во критично време кога очајно ќе ни требаат доктори, но и општо се работи за неспособност на надлежните да го заштитат медицинскиот кадар (само видете по болниците медицинскиот кадар дали носи N95 маски, и дали инфицираните се сместени во одделен објект стриктно наменет само за карантин)
- нема да има доволно лекови, ниту доволно потрошен материјал (буквално се што ќе треба за десетици илјади пациенти)
- не се прават забрзани набавки во последниве пар месеци, а од сега натаму нема да има воопшто достапни за купување (голем број држави ставија забрана за извоз)
- нема да има доволно апарати за дишење
- нема доволно средства за дезинфекција
- ќе има проблеми со снабдување од се и сешто
Реалните проценки се дека барем 70% од населението ќе се зарази од вирусот во периодот што претстои, и на одреден процент од нив ќе им треба лекарска нега, за потешките случаи ќе треба да бидат ставени на вентилатори, апарати за дишење. Колку вакви апарати има нашето Здравство, и дали некој ја следи ситуацијата па направил обид за набавка на дополнителни апарти?
Не само Здравството, туку општо дали државните институции имаат спремни планови за работа со намален кадар?
Така да простор за плашење и тоа како има. Само не е тоа поентата ниту целта. Тоа што е потребно луѓето да бидат свесни за димензијата на случувањата, да се придржуваат кон лична хигиена и социјална изолација - седење дома односно избегнување било каква близина со луѓе (освен тоа што не може да се избегне). Најлошо ќе биде во првиот бран, кога болниците ќе бидат преполни до таму да ни по ходници и подруми нема да има место за пациентите.
Како тоа се прави се виде од примерот на Кина, со монтажни болници и со градење на нова болница во краток рок. Русија, која карантин отвори во Сибир, наместо инфицираните да ги праќа на домашна изолација со „жими мајка“ ветување дека нема да излегуваат од дома. Не дека можеме да се мериме со Кина и Русија, ама не гледам ниту обиди за спремање за ова што следува.
За крај:
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3374275625922389&set=a.559674404049206&type=3&theater